Nehemiah 52006

1Се крена голем врисок од луѓето и нивните жени, против Јудејци­те, браќата нивни.

2Имаше едни, кои велеа: „Ние, синовите наши и ќерките наши сме многу; и ние би сакале да си набавиме жито, да се храниме и да живееме.“

3Имаше и такви, кои велеа: „Ги зало­жуваме нивите свои, лозјата свои и куќите свои за да си набавиме жито при овој глад.“

4Имаше и такви, кои велеа: „Ние позајмуваме сребро за царскиот данок за нивите и лозјата свои;

5ние имаме исти тела, какви што се телата на браќата наши, и синовите ни се такви, какви што се нивните синови, а ете, ние сме должни да ги даваме синовите свои и ќерките свои за слуги, а, пак некои наши ќерки веќе се наоѓаат во ропство. Нема никакви средства за откуп во рацете наши; и нивите наши и лозјата наши се во рацете на големците.“

6Кога го слушнав нивното леле­кање и тие зборови, многу се јадосав.

7Срцето мое се возбуди, и јас строго ги прекорив првенците и војводите, ве­лејќи им: „Вие земате лихва од браќата свои.“ И свикав против нив голем собир,

8па им реков: „Ние, според силите свои, ги откупуваме браќата свои Ју­дејци, продадени на народите, а вие ги продавате браќата свои, и тие ни се продаваат нам?“ Тие молчеа и не знаеја што да одговорат.

9Тогаш реков: „Не е добро тоа што го правите. Нели треба да одите во страв пред нашиот Бог за да го одбегнете потсмевот на народите, нашите непријатели?

10И јас и браќата мои и оние што служат кај мене им даваме на заем и сребро и жито: да им го простиме тој долг.

11Вратете им ги уште денес нивните ниви, лозјата нивни и маслиновите градини нивни, и куќите нивни, и лихвата од среброто, житото, виното и маслото што сте го зеле од нив.“

12А тие одговорија: „Ќе го вратиме и нема ништо да бараме од нив; ќе направиме така, како што велиш.“ Тогаш ги повикав свештениците и им заповедав да се заколнат дека ќе направат така.

13Па ја истресов облеката своја и реков: „Така да го истресе Бог секој човек што нема да го одржи тој збор од домот негов, од имотот негов, и така да биде во него истресено и празно сѐ!“ И целото собрание рече: „Амин!“ и Го прославија Бога; и народот го одржа тој збор.

14Од тој ден, кога бев назначен за нивен управител во јудејската земја, од дваесеттата година до триесет и втората година од владеењето на царот Артаксеркс, во текот на дванаесет години, јас и браќата мои никогаш не ги собиравме даноците за управителот.

15А поранешните управители, што беа пред мене, го оптоваруваа народот и земаа од него жито и вино, освен четириесетте шекели сребро; дури и слугите нивни владееја над народот. Но јас не правев така поради страв Божји.

16Притоа, јас ги поттикнував рабо­тите околу изградбата на овој ѕид; и ниви не купувавме, а сите мои слуги се собираа таму на работа.

17Кај мене на трпезата имаше по сто и педесет души Јудејци и началници, покрај оние што доаѓаа кај нас од околните народи.

18И, еве, што се приготвуваше за еден ден: еден бик, шест одбрани овци и птици се готвеа кај мене; и секои десет дена се набавуваа различни вина во изобилие. И покрај сето тоа, јас не земав управителски данок, зашто тешка работа лежеше врз тој народ.

19Боже мој, спомни ме мене за сето добро што го направив за овој народ!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Nehemiah 5.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.