Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Micah 6

:
Macedonian - 2006
1 Слушајте што вели Господ: „Стани и суди се пред горите, ридовите да го чујат гласот твој!“
2 Чујте го, гори, судот Господов, и вие, цврсти основи на земјата, зашто Господ му суди на Својот народ, се тужи со Израел.
3 „Народе Мој, што ти направив и со што ти дотегнав? Одговори Ми.
4 Јас те изведов од египетската земја, те ослободив од куќата на ропството и ги водев пред тебе Мојсеј, Арон и Мирјам.
5 Народе Мој, сети се што кроеше Валак, царот моавски, и што му одго­вори Валаам, синот Беоров и што стана од Ситим до Гилгал за да ги познаеш праведните дела на Господ.“
6 „Со што да застанам пред Господ, да се поклонам пред небесниот Бог? Да застанам ли пред Него со сепаленици, со едногодишни телци?
7 Но може ли да Му се угоди на Гос­под со илјадници овни или неизмерни потоци масло? Дали да Му го дадам мојот првороден син за престапите свои и плодот на утробата своја за гревовите на душата своја?“
8 О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш праведно, да сакаш милосрдни дела и понизно да врвиш пред твојот Бог.
9 Гласот Господов вика кон градот, мудроста повикува на страхопочит кон Твоето име: слушајте племенски и градски Собранија!
10 Па зар не се наоѓаат во домот на безбожникот богатство неправедно и мерка смалена, одвратна?
11 Можам ли да ги оправдам мерките на беззакониците и неточните тегови во торбата?
12 Вашите богаташи се полни со не­правда, и жителите ваши говорат лага, а и јазикот нивни измама е во устата нивна.
13 Затоа почнав да те ударам со запустување поради гревовите твои.
14 Ќе јадеш и нема да се наситуваш, гладен ќе остануваш; ќе оставаш на­страна, но нема да го зачуваш, а она што ќе зачуваш, тоа Јас ќе го предадам на меч.
15 Ќе сееш, но нема да жнееш; ќе гмечиш маслинки, но нема да имаш масло, ќе цедиш гроздов сок, но нема да пиеш вино.
16 Кај вас се запазиле обичаите на Омриј и сите дела на домот Ахавов, и вие постапувате според нивните совети. Затоа ќе те предадам на запустување и жителите твои на потсмев, а вие ќе претрпите срам од Мојот народ.