Matthew 272006

1А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини напра­ви­ја договор против Исус за да Го убијат;

2и откако Го врзаа, Го одведоа и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат.

3Тогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека е Тој осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на прво­свештениците и старешините,

4велејќи им: „Згрешив, зашто пре­да­дов невина крв!“ А тие му одговорија: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“

5Тој ги фрли сребрениците во хра­мот, излезе и отиде, та се обеси.

6Првосвештениците ги собраа сре­бре­ниците и рекоа: „Не чини да се стават во црковната каса, бидејќи се пла­те­ни за крв.“

7Откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за да погребуваат во неа луѓе од други места.

8Затоа и до денес таа нива се вика Крвна нива.

9Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија: „И ги зедоа три­е­сет­те сребреници, цената на Непроцен­ли­виот, Кого Го оценија синовите Израе­л­ови,

10и ги дадоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ.“

11И Исус застана пред управникот. И тој Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти ве­лиш.“

12И кога Го обвинуваа прво­свеш­те­ни­ци­те и старешините, Тој ништо не одговараше.

13Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?“

14И не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу.

15А на секој празник Пасха управ­ни­кот имаше обичај да му пушта на народот по еден затвореник, кого што би го побарале.

16Тогаш тие имаа еден прочуен зат­вореник, по име Варава.

17И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?“

18Зашто знаеше дека Го беа предале од завист.

19Во тоа време, кога тој седеше во су­дот, жена му порача да му кажат: „Не прави му ништо на Тој Праведник, заш­то денеска многу пострадав на сон заради Него.“

20Но првосвештениците и ста­ре­ши­ни­те го наговорија народот да го из­мо­ли Варава, а Исус да Го погуби.

21Тогаш управникот ги праша: „Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?“ Тие одговорија: „Варава!“

22Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одгово­рија сите: „Да биде распнат!“

23Управникот рече: „Па какво зло на­правил?“ Но тие уште посилно викаа и рекоа: „Да биде распнат!“

24Пилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде во­да, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Правед­ник; мислете му вие!“

25И одговарајќи целиот народ, рече: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!“

26Тогаш им го пушти Варава, а Исус, откако Го камшикуваа, Го предаде да биде распнат.

27Потоа војниците на управникот Го зедоа Исус во судницата и ја собраа целата чета околу Него,

28па, откако Го соблекоа, Му облекоа ба­греница;

29исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и паѓајќи на колена, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“

30И плукаа на Него и со трската Го удираа по главата.

31А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.

32На излегување сретнаа еден Ки­ри­неец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот.

33И кога дојдоа на местото наречено Голгота, што значи Черепница,

34Му дадоа да пие оцет, измешан со жолчка. Но Тој вкуси и не сакаше да пие.

35А штом Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка;

36па седеа таму и Го чуваа;

37и Му кладоа над главата натпис, со вината Негова: „Овој е Исус, Царот Јудејски.“

38Тогаш распнаа со Него и двајца раз­бојници; едниот од десната страна, а другиот од левата.

39А минувачите, вртејќи ги главите свои, Го хулеа

40и велеа: „Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се Се­бе­си! Ако си Син Божји, симни се од крстот!“

41Исто така и првосвештениците, заедно со книжниците, старешините, и фарисеите, потсмевајќи се говореа:

42„Други спасуваше, а Сам Себе не може да се спаси! Ако е Тој Цар Ју­деј­ски, нека слезе од крстот, па ќе поверуваме во Него.

43Се надеваше на Бога, нека Го из­ба­ви сега, ако е по волјата Негова, бидејќи говореше: ‚Син Божји Сум!‘“

44И разбојниците, распнати со Него, Го хулеа исто така.

45А од шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час;

46а околу деветтиот час извика Исус со висок глас и рече: „Или! Или! Лама савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!“

47А некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“

48И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие.

49Другите, пак, велеа: „Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спа­си!“

50А Исус, откако повторно извика со силен глас, го испушти духот.

51И наеднаш се расцепи завесата на храмот на две — од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи паднаа.

52И гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа;

53па кога излегоа од гробовите, по воскреснувањето Негово, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина.

54А стотникот и оние што со него за­едно Го чуваа Исус, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уп­лашија многу и говореа: „Навистина Овој беше Син Божји!“

55Таму беа и гледаа оддалеку, исто така, многу жени, што Го следеа Исус од Галилеја и Му служеа.

56Меѓу нив беа Марија Магдалена и Марија, мајка им на Јаков и Јосиф, и мајката на Заведеевите синови.

57А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше, исто така, ученик на Исус;

58тој отиде кај Пилат и го побара те­лото Исусово. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото.

59А Јосиф, штом го зеде телото, Го завитка во чисто платно,

60и Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа; па, от­како постави голем камен над гробната врата, си отиде.

61А таму беа Марија Магдалена и другата Марија, кои седеа спроти гробот.

62На другиот ден, по петокот, се соб­раа првосвештениците и фарисеите кај Пилат,

63и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ‚По три дни ќе воскреснам!‘

64Затоа нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учени­ците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ‚Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“

65Пилат им рече: „Имате стража; одете и осигурајте го како што знаете.“

66Тие отидоа и со стража го осигураа гробот, а каменот го запечатија.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Matthew 27.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.