Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Mark 16

:
Macedonian - 2006
1 Штом мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и да Го помазаат Исус.
2 И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгрева­ше сонцето,
3 па си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?“
4 И кога погледнаа, видоа дека ка­ме­нот е одвален, а тој беше многу голем.
5 Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се упла­шија многу.
6 А тој им рече: „Не плашете се! Вие Го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде! Еве го местото каде што беше положен.
7 Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петар дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“
8 Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, зашто се пла­шеа.
9 А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалена, од која беше исте­рал седум демони.
10 Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа.
11 Но тие, кога чуја дека е Тој жив и дека таа Го видела, не поверуваа.
12 Потоа им се јави во друг лик на двај­ца од нив по пат, кога одеа в село.
13 И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.
14 Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и тврдокорност, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат.
15 Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.
16 Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
17 А знаците, на оние што ќе пове­ру­ва­ат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат демони; ќе говорат нови ја­зици;
18 ќе фаќаат змии и ако нешто смрто­носно испијат, нема да им наштети; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздра­вуваат.“
19 А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната стра­на на Бога.
20 Тие, пак, отидоа и проповедаа на­се­каде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чуда, што се јавуваа. Амин!