Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 8

:
Macedonian - 2006
1 Потоа Тој одеше по ред градовите и селата, проповедајќи и благовестувајќи го царството Божјо; а со Него беа Дванаесеттемина,
2 и некои жени што беа излекувани од демони и болести: Марија, наречена Магдалена, од која беа излегле седум демони;
3 и Јоана, жената на Хуза, настојни­кот Иродов, и Сусана, и многу други, кои им служеа со своите имоти.
4 А кога се насобра многу народ, и ко­га жителите од секој град доаѓаа кај Не­го, рече во парабола:
5 „Излезе сејач да сее семе. Додека се­еше, едно падна покрај пат и беше из­га­зено, и птиците небески го исколваа;
6 а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, зашто немаше влага;
7 едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши;
8 а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.“ От­ка­ко го рече ова, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
9 А учениците Негови Го прашаа, велејќи: „Што значи таа парабола?“
10 Тој рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува со параболи, да гледаат, а сепак да не видат, и да слу­шаат, а сепак да не разберат!
11 А оваа парабола значи: семето е словото Божјо.
12 Она што падна покрај патот, се оние кои слушаат, но потоа доаѓа ѓа­во­лот и им го зема словото од срцата нив­ни, за да не поверуваат и да не се спа­сат;
13 а она на камен се оние кои, кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое вре­ме, па штом дојдат искушенијата, тие се откажуваат;
14 тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние што го слушаат словото, но от­ка­ко ќе заминат, се гушат од грижи, бо­гатства и наслади од овој живот и не до­несуваат плод;
15 а тоа што падна на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го чуваат во добро и чисто срце, и донесуваат плод во трпение.“ Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, не­ка чуе!“
16 „Никој не ја поклопува со сад све­ќа­та што ја запалил, ниту ја става под лег­ло, туку ја става на свеќник, за да ја гле­даат светлината оние што вле­гуваат.
17 Зашто нема тајно што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено што не ќе се разбере и не ќе излезе на виделина.
18 Па затоа: пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што мисли дека го има.“
19 Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот.
20 И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.“
21 А Тој им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние што го слушаат словото Божјо и го исполнува­ат.“
22 Еден ден влезе Тој во кораб со уче­ниците Свои и им рече: „Да минеме на другата страна од езерото!“ И појдоа.
23 Додека пловеа, Тој заспа. А над езерото се појави силен ветар, па ги плис­каше водата и тие беа во опасност.
24 Пристапија и Го разбудија, говореј­ќи: „Учителе, Учителе, загинуваме!“ А Тој, штом се разбуди, им заповеда на вет­рот и брановите; и тие се смирија и настана тишина.
25 И им рече: „Каде е верата ваша?“ А тие се уплашија и се чудеа, велејќи си еден на друг: „Кој е Овој што и на вет­ровите и на водата им заповеда и Го слушаат?“
26 И пристигна во Гадаринскиот крај, спроти Галилеја.
27 А кога излезе Тој на суво, Го сретна еден човек од градот, кој беше обземен од демони и долго време не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку по гробовите.
28 Кога Го виде Исус, викајќи падна пред Него, и гласно рече: „Што сакаш од мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачи ме!“
29 А Исус му беше заповедал на не­чистиот дух да излезе од човекот, зашто долго време го мачеше. Го чуваа во окови, и со ланци го врзуваа, но тој ги раскинуваше оковите и демонот го тераше да оди во пусти места.
30 А Исус го праша, велејќи: „Како ти е името?“ Тој одговори: „Легион“, зашто многу демони беа влегле во него.
31 И Го молеа Исус да не им наредува да одат во бездната.
32 А таму, по ридот, пасеа многу сви­њи; па Го молеа да им допушти да вле­зат во нив. И им допушти.
33 И откако излегоа лошите духови од човекот, влегоа во свињите; и крдото се стркала низ стрмнината и се удави во езерото.
34 Свињарите, кога видоа што се слу­чи, избегаа и раскажаа по градот и око­лината.
35 И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исус, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи пред нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се исплашија.
36 А оние што беа виделе, им рас­ка­жаа како се излечи бесомачениот.
37 Сиот народ од Герасинскиот крај Го замоли да си оди од нив; зашто се беа уплашиле многу. И Тој влезе во ко­ра­бот и се врати.
38 Човекот, пак, од кого беа излегле демоните, Го замоли да биде со Не­го; но Исус го отпушти, велејќи:
39 „Врати се во домот свој и рас­ка­жу­вај што ти направи Бог!“ Тој си отиде и расправаше по целиот град што му направи Исус.
40 А кога се врати Исус, народот Го пресретна, зашто сите Го очекуваа.
41 И ете, дојде еден човек, по име Ја­ир, кој беше управник на синагогата. Тој падна пред нозете Исусови, и Го мо­леше да појде во домот негов,
42 зашто имаше една единствена ќер­ка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него.
43 И една жена, која страдаше дванаесет години од крвавење, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува,
44 пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвавењето.
45 И рече Исус: „Кој се допре до Ме­не?“ А бидејќи сите порекнуваа, Му ре­че Петар и оние што беа со Него „Учи­теле, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“
46 Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.“
47 Жената, штом виде дека не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела.
48 А Тој ѝ рече: „Не бој се, ќерко, ве­ра­та твоја те спаси; оди си во мир!“
49 Додека Тој уште зборуваше, дојде некој откај началникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го Учителот!“
50 Но Исус, штом го слушна тоа, одговарајќи му рече: „Не плаши се! Само верувај и ќе биде спасена!“
51 А кога пристигна во куќата, никому не му дозволи да влезе, освен на Петар, Јован и Јаков, и на таткото и мајката на девојката.
52 Сите плачеа и ридаа по неа. Но Тој им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.“
53 И Му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена.
54 А Тој откако ги истера сите, ја фа­ти за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!“
55 И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да ѝ дадат да јаде.
56 И се зачудија родителите нејзини. А Тој им заповеда никому да не кажу­ваат за тоа што стана.