Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 7

:
Macedonian - 2006
1 И кога ги заврши зборовите Свои кон народот, што слушаше, влезе во Капернаум.
2 Еден стотник имаше слуга, кого многу го сакаше, а слугата беше тешко болен на умирање.
3 Па штом слушна за Исус, ги прати кај Него старешините јудејски, молејќи Го да дојде и да го спаси слугата негов.
4 А тие, кога дојдоа кај Исус, Го мо­леа усрдно и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа,
5 зашто го сака нашиот народ и синагогата тој ни ја направи.“
6 И тргна Исус со нив. А кога беа веќе близу до куќата, стотникот ги прати пријателите свои кај Него, говорејќи: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив;
7 затоа и сам себе не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави;
8 зашто и јас сум човек под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ и тој доаѓа; и на слугата свој: ‚Направи тоа‘ и тој прави.“
9 Штом го слушна тоа, Исус се зачуди и кога се заврте кон народот, што врвеше по Него, рече: „Ви велам, ни во Израел не најдов толку голема вера!“
10 А кога испратените се вратија, го најдоа болниот слуга здрав.
11 Потоа отиде во градот наречен Наин; и со Него одеа Неговите ученици и многу народ.
12 А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единст­вен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа.
13 Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па ѝ рече: „Не плачи!“
14 И кога се приближи, се допре до но­силото; носачите застанаа, а Тој рече: „Момче, тебе ти велам, стани!“
15 Мртовецот се подигна и седна, па почна да зборува; и Тој го предаде на мајка му.
16 И страв ги обзеде сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави ме­ѓу нас“ и „Бог го посети Својот народ.“
17 И се разнесе овој глас за Него по цела Јудеја и по целата околина.
18 И му соопштија на Јован учениците негови за сето тоа.
19 Јован, пак, повика двајца свои уче­ници и ги испрати кај Исус, говорејќи: „Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?“
20 И кога дојдоа кај него, тие Му ре­коа: „Јован Крстителот нѐ прати кај Те­бе, велејќи: ‚Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?‘“
21 Во тој час Тој исцели мнозина од болести, и од рани, и од демони, и на мнозина слепи им подари вид.
22 И им одговори Исус и рече: „Одете и кажете му на Јован што видовте и што чувте: слепи прогледуваат, куци проодуваат; лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедни им се проповеда Еван­гелието;
23 и блажен е оној кој не ќе се соблаз­ни поради Мене.“
24 А кога си отидоа учениците Јо­ва­но­ви, Тој почна да му зборува на народот за Јован: „Што излеговте да ви­дите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветар?
25 Но, што излеговте да видите? Чо­век ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што се облекуваат убаво и живеат богато, по царски палати се.
26 Туку, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, Јас ви велам, и повеќе од пророк.
27 Овој е, за кого што е напишано: ‚Ете, јас го испраќам пред лицето Твое ангелот Мој, што ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘
28 Зашто ви велам: меѓу родените од жена нема ниеден поголем пророк од Јован Крстител; но најмалиот во царството Божјо е поголем од него.“
29 И сите луѓе, што слушаа, па и цариниците, ја познаа Божјата праведност, крштавајќи се со крштавањето Јо­ваново;
30 а фарисеите и закониците ја отфрлија Божјата волја за нив, и не се крстија од него.
31 „Со кого да ги споредам луѓето од овој род? И кому се слични?
32 Тие личат на деца што седат по па­зариштата и викаат едно на друго, ве­лејќи: ‚Ви свиревме, а вие сепак не игравте; ви пеевме жални песни и сепак не плачевте!‘
33 Зашто, дојде Јован Крстителот, кој ниту леб јаде, ниту вино пие, а вие ве­ли­те: ‚Демонот е во него.‘
34 Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, а вие велите: ‚Еве човек ненасит­лив и пијаница, пријател на цариниците и грешниците!‘
35 А Мудроста беше оправдана од сите нејзини чеда.“
36 Еден од фарисеите Го покани да ја­де со него; и Тој, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза.
37 И ете, една жена од градот, која бе­ше грешница, штом дозна дека Тој седи на трпеза во куќата на фарисе­ј­от, донесе сад од алабастер со миро;
38 па застана одзади покрај Неговите нозе, плачејќи почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро.
39 А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: „Кога Овој би бил пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што Го допира, зашто таа е грешница.“
40 Му одговори Исус и рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам.“ А тој рече: „Кажи, Учителе!“
41 Исус му рече: „Некој заемодавец имаше двајца должници: едниот му должеше петстотини денарии, а другиот педесет.
42 Но бидејќи немаа да му вратат, тој им ги подари на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе ќе го милува?“
43 Симон одговори и Му рече: „Мис­лам оној, кому повеќе му подарил.“ А Тој му рече: „Право пресуди.“
44 И тогаш се сврте кон жената, па му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа же­на? Влегов во твојот дом, ти ни вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри.
45 Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои.
46 Ти со миро не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои.
47 Затоа ти велам: нејзе ѝ се простени многу гревови, зашто покажа многу љу­бов. А кому му е простено малку, тој мала љубов има.“
48 Нејзе, пак, ѝ рече: „Простени ти се гревовите!“
49 А оние што седеа со Него на тр­пе­зата, почнаа да говорат во себе: „Кој е Овој што и гревови простува?“
50 На жената пак ѝ рече: „Верата тво­ја те спаси; оди си во мир!“