Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 22

:
Macedonian - 2006
1 Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха;
2 а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот.
3 И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариот, кој беше вброен меѓу Два­на­есетте.
4 И кога отиде, се договори со прво­свештениците и началниците, како да им Го предаде.
5 Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат сребреници.
6 Тој вети и бараше згоден час, да им Го предаде без знаење на народот.
7 Дојде денот Бесквасници, кога тре­баше да се заколе пасхалното јагне;
8 па ги испрати Исус Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни пас­ха, за да јадеме!“
9 А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“
10 Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек со стомна вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе,
11 и кажете му на домаќинот од ку­ќа­та: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘
12 И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.“
13 Кога отидоа, најдоа како што им бе­ше рекол и ја приготвија пасхата.
14 А кога дојде времето, Тој седна на трпезата заедно со апостолите.
15 И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа пасхална вечера со вас, пред да пострадам;
16 зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, додека не се исполни во царството Божјо.“
17 Тогаш ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете и разделете ја меѓу се­бе,
18 зашто отсега нема повеќе да пијам од лозовиот плод, додека не дојде цар­ството Божјо.“
19 Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Мо­е­то тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“
20 Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: „Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв, која се пролева за вас.
21 Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава.
22 Синот Човечки, пак, заминува, спо­ред она што е определено, но тешко му на оној човек, што ќе Го предаде.“
23 И почнаа да се прашуваат меѓу се­бе, кој ли ќе е од нив што ќе го направи тоа?
24 А се појави меѓу нив и расправија, кој од нив да се смета за поголем.
25 Но Тој им рече: „Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив се викаат добротвори.
26 Вие, пак, немојте така; но по­го­ле­миот меѓу вас да биде како најмалиот и тој, што е старешина, да биде како слу­га.
27 Зашто кој е поголем, тој што седи на трпеза, или оној што послужува? Зар не е оној што седи? А Јас сум меѓу вас како слуга.
28 Но вие сте оние што издржавте со Мене во Моите напасти,
29 и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство,
30 за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израелови колена.“
31 И рече Господ: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пче­ница;
32 но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти кога еднаш ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!“
33 А тој Му одговори: „Господи, готов сум да одам со Тебе и в затвор, и во смрт.“
34 Но Тој му рече: „Ти велам, Петре, уште пред да запее денес петелот, ти трипати ќе потврдиш дека не Ме познаваш.“
35 Па им рече: „Кога ве праќав без ќе­се, и без торба, и без обувки, дали ви не­достасуваше нешто?“ Тие одговорија: „Ништо.“
36 И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си ја продаде облеката и нека си купи нож;
37 зашто, ви велам, на Мене треба да се исполни и ова од Писмото: ‚И меѓу злосторници Го вброија.‘ Зашто она што се однесува за Мене, се исполнува.“
38 А тие рекоа: „Господи, еве овде има два ножа.“ Тој им одговори: „Доволни се.“
39 И кога излезе, тргна, како обично, кон Маслиновата Гора; по Него одеа и учениците Негови.
40 А штом дојде на тоа место, им рече: „Молете се за да не паднете во ис­ку­ше­ние!“
41 И Тој се одвои од нив, колку камен што може да се фрли, па ги преклони ко­лената и се молеше,
42 велејќи: „Оче, кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене! Но нека не биде мојата волја, туку Твојата!“
43 И му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.
44 Па, бидејќи се наоѓаше во внатреш­на борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата.
45 Штом стана од молитвата, дојде кај учениците Свои и ги најде заспани од тага.
46 И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете Му се на Бога за да не паднете во искушение!“
47 И уште додека Тој зборуваше, ете, се појави мноштво луѓе заедно со еден од Дванаесетте, наречен Јуда, кој се приближи до Исус да Го целива. (Зашто таков знак им беше дал: „Кого ќе Го целивам, Тој е.“)
48 А Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?“
49 Оние, пак, што беа со Него, кога ви­доа што ќе стане, Му рекоа: „Господи, да удриме ли со нож?“
50 И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво.
51 А Исус одговори и рече: „Оставете го тоа, запрете!“ Па го допре увото не­гово и го исцели.
52 А на првосвештениците и храмов­ни­те управници и на старешините, што беа дошле против Него, Исус им рече: „Како на разбојник ли сте излегле со ножеви и колови за да Ме фатите?
53 Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене, но сега е вашето време и власта на мракот.“
54 И кога Го фатија, Го поведоа и од­ведоа во домот на првосвештеникот. А Петар оддалеку одеше по Него.
55 Кога запалија оган во дворот и седнаа наоколу, седна и Петар меѓу нив.
56 А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, погледна на него и рече: „И овој беше со Него!“
57 Но тој се одрече од Него, велејќи: „Жено, не Го познавам!“
58 Малку потоа, кога го виде еден друг, рече: „И ти си од нив!“ Но Петар му рече: „Човеку, не сум!“
59 А кога мина време околу еден час, еден друг човек почна да тврди, зборувајќи: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“
60 Но Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И одеднаш, уште додека говореше, запеа петел.
61 Тогаш Господ се заврти и го пог­ледна Петар, а Петар се сети на Гос­по­довите зборови што Му ги беше рекол: „Уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.“
62 И штом излезе надвор, заплака гор­ко.
63 А луѓето, што го држеа Исус, Му се потсмеваа и Го тепаа.
64 Па, откако Го покрија, Го удираа по образите, и го прашуваа, велејќи: „Про­речи кој Те удри?“
65 И многу други хули рекоа против Него.
66 А кога се раздени, се собраа ста­ре­шините народни, првосвештениците и книжниците и Го воведоа во Си­не­дри­о­нот,
67 и рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!“ Но Тој им одговори: „И ако ви ка­жам, навистина нема да поверувате.
68 А ако ве запрашам, нема да Ми од­говорите.
69 Отсега Синот Човечки ќе седи од­дес­но на силата Божја.“
70 И сите рекоа: „Ти ли си, значи, Си­нот Божји?“ А Тој им рече: „Вие велите дека сум Јас.“
71 А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Не­го­ва­та уста.“