Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Leviticus 12

:
Macedonian - 2006
1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2 „Кажи им на синовите Израелови и речи им: кога жената ќе забремени и роди машко дете, нечиста ќе биде седум дена, како во деновите на природното очистување свое, така ќе биде нечиста.
3 А во осмиот ден нека му се обрезе на детето крајниот дел.
4 А таа нека остане уште триесет и три дена чистејќи се од крвта; до ништо свето да не се допира и да не влегува во светилиштето сѐ додека не изминат деновите на нејзиното чистење.
5 А ако роди женско дете, тогаш во времето на своето чистење нечиста ќе биде четиринаесет дена, и шеесет и шест дена нека остане, чистејќи се од крвта своја.
6 И кога ќе се навршат деновите на чистењето нејзино, заради синот или заради ќерката, нека донесе кај свеш­теникот пред скинијата на собранието едногодишно јагне за жртва сепаленица или млад гулаб или грлица како жртва поради грев.
7 И тој нека ја принесе пред Господ и така ќе ја очисти од течењето на крвта нејзина. Тоа е закон за жената која ќе роди машко или женско дете.
8 Ако не е во можност да донесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња, едното како жртва сепаленица, а другото поради жртва за грев; и ќе ја очисти од гревот нејзин свеш­теникот, и таа ќе биде чиста.“