1И го повика Господ Мојсеја, и му рече од скинијата на собранието, велејќи:
2„Соопшти им на синовите израелски, и кажи им: кога некој од вас сака да Му принесе жртва на Господ од добитокот: од крупниот и од ситниот добиток принесувајте жртва.
3Ако принесува жртва сепаленица од крупен добиток, нека принесе машко, здраво; нека ја доведе пред влезот од скинијата на собранието нека ја доведе, за да придобие милост пред Господ.
4И нека ја стави раката своја врз главата на жртвата, и ќе придобие милост за очистување;
5нека се заколе теле пред Господ, а синовите Аронови, свештениците, нека принесат крв, и со неа нека го попрскаат жртвеникот, што е пред влезот од скинијата на собранието, од сите страни;
6потоа жртвата сепаленица нека се одере и нека се исече на делови.
7А синовите Аронови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот, и нека стават дрва на огнот.
8Па потоа синовите Аронови, свештениците, нека ги наредат деловите, главата и лојот врз дрвата на огнот, што е на жртвеникот.
9А внатрешнината и нозете нека се измијат со вода; свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот; тоа е жртва сепаленица, жртва огнена, со благопријатен мирис пред Господ.
10А ако принесува жртва сепаленица од ситниот добиток, од овци или од кози, нека принесе машко — здраво, без мана.
11Да се заколе на северната страна од жртвеникот пред Господ, а синовите Аронови, свештениците, нека го попрскаат жртвеникот со крвта од сите страни.
12И нека се расече на делови, а свештеникот нека ги стави, со главата и лојот, свештеникот нека ги стави врз дрвата, што се на огнот врз жртвеникот;
13а внатрешнината и нозете свештеникот нека ги измие со вода и сето тоа нека го донесе и нека го изгори на жртвеникот; тоа е жртва — сепаленица, жртва огнена со благопријатен мирис пред Господ.
14Ако Му принесува на Господ жртва сепаленица од птиците, тогаш нека принесе грлица или млад гулаб;
15свештеникот нека ја принесе на жртвеникот, и извивајќи ѝ ја главата, нека ја откине и нека ја изгори на жртвеникот, крвта да ја исцеди во подножјето на жртвеникот;
16нека ѝ ги извади гушата и перјата и нека ги фрли до жртвеникот од источната страна, каде што е пепелта,
17па нека ја прекрши меѓу крилјата, но да не ги разделува од неа; и свештеникот потоа нека ја постави на жртвеникот, врз дрвјата што се на огнот; тоа е принос жртва, жртва огнена со благопријатен мирис пред Господ.“