Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Judges 19

:
Macedonian - 2006
1 Во она време, кога Израел немаше цар, имаше еден левит, кој како придојден живееше во Ефре­мовата Планина. Тој си зеде наложница од Витлеем Јудејски.
2 Но наложницата негова се скара со него и си отиде во домот на татко ѝ, во Витлеем Јудејски, и остана таму четири месеци.
3 Мажот ѝ тргна да оди кај неа за да ја замоли и да ја врати назад. Со него беше слугата негов и две магариња. Таа го воведе во татковиот дом.
4 Тестот негов, таткото на таа млада жена, откако го виде, го пресретна радосно и го задржа. И тој престојуваше кај него три дни: јадеа, пиеја и ноќеваа таму.
5 На четвртиот ден станаа рано, стана и тој за да си оди. И таткото на младата жена му рече на зетот свој: „Пот­крепи го срцето свое со залак леб, и потоа ќе тргнете.“
6 Тие останаа, и двајцата заедно јадеа и пиеја. И таткото на таа млада жена му рече на тој човек: „Остани уште една ноќ, и развесели се!“
7 Човекот беше станал за да си оди, но тестот го наговори и тој пак ноќеваше таму.
8 На петтиот ден изутрината тој стана за да си оди. А таткото на младата жена рече: „Поткрепи си го срцето свое, и почекајте, додека да измине денот.“ И јадеа двајцата.
9 И стана човекот да си оди, со на­ложницата негова и неговиот слуга. И тестот негов, таткото на младата жена, му рече: „Еве, почна да се стемнува, ноќевајте, ве молам, денот е на свр­шу­вање, ноќевај тука, развесели се; утре рано ќе тргнете на пат, и ќе си одиш во домот свој!“
10 Но мажот не се согласи да ноќева, стана и тргна; и наближи до Јевус, кој е сега Ерусалим, со двете натоварени магариња и наложницата со него.
11 Кога беа близу до Јевус, денот веќе беше изминал. И слугата му рече на господарот свој: „Да навратиме во овој јевусиски град и да ноќеваме во него.“
12 Господарот му одговори: „Не, нема да одиме во град на туѓинци, кои не се од синовите Израелови, а ќе појдеме во Гива.“
13 И му рече на слугата свој: „Оди да стигнеме до едно од местата на Гива и ќе ноќеваме во Гива или во Рама.“
14 Па тргнаа, и одеа, а сонцето зајде близу до Гива Венијаминова.
15 И тие навратија таму, за да одат да ноќеваат во Гива. Откако влезе, тој седна на градскиот плоштад, но никој не ги покани во домот свој да ноќеваат.
16 И ете, еден старец се враќаше вечерта од полска работа; тој беше ро­дум од Ефремовата Планина и живее­ше како придојден во Гива. Жителите, пак, од тоа место беа Венијаминови синови.
17 Кога ги крена очите, тој виде на градскиот плоштад патник. И старецот запраша: „Каде одиш и од каде доа­ѓаш?“
18 Тој му одговори: „Од Витлеем Ју­дејски одиме во Ефремовата Планина, од каде што сум јас; отидов во Витлеем Јудејски, а сега одам кон домот свој; и никој не ме поканува во својот дом;
19 си имаме и слама и храна за своите магариња; исто така има и леб и вино за мене и за мојата жена и за овој човек, кој ме придружува мене, твојот слуга; од ништо немаме потреба.“
20 Старецот му рече: „Биди спокоен; каква потреба и да имаш, јас ќе се погрижам, само на улица не ноќевај.“
21 И го одведе во домот свој и им даде храна на магарињата негови, а самите тие си ги измија нозете, јадеа и пиеја.
22 Додека се веселеа, ете, градските жители, развратници, ја опколија ку­ќата, зачукаа на вратата и му говореа на старецот, стопанот на куќата: „Изведи го човекот, кој влезе во куќата твоја за да имаме однос со него.“
23 Стопанот на куќата излезе пред нив и им рече: „Не, браќа мои, не правете зло, кога тој човек влегол во куќата моја, не правете го тоа безумие;
24 еве, јас имам ќерка девица, а тој има наложница, ќе ги изведам, осра­мете ги и правете со нив, сѐ што ви е мило; а со тој човек не правете го тоа безумие.“
25 Но тие не сакаа да го слушаат. Тогаш мажот ја зеде својата наложница и ја изведе кај нив на улица. Тие ја познаа и ја злоставуваа цела ноќ до утрината. И ја пуштија во зората.
26 И во зората дојде жената, падна пред куќната врата на човекот, кај кого беше господарот нејзин, и лежеше до осамнување.
27 Господарот нејзин стана утрината, ја отвори куќната врата и излезе за да тргне на пат; и ете, наложницата негова лежи пред куќната врата, со рацете на прагот.
28 Тој ѝ рече: „Стани, ќе одиме!“ Но одговор немаше. Тој ја стави на магарето, стана и замина за местото свое.
29 Кога дојде во домот свој, зеде нож, ја фати својата наложница, ја пресече по деловите на телото нејзино на два­наесет делови и ги испрати по сите краеви на Израел.
30 И им рече на луѓето што ги ис­прати: „Така зборувајте по сиот Из­раел: Дали се случило или сте виделе вакво нешто досега од денот кога Израеловите синови излегоа од египетската земја? Затоа размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!“