Judges 142006

1И отиде Самсон во Тимна и таму виде мома од филистејските ќер­ки.

2Тогаш тој отиде и им јави на татко си и на мајка си и рече: „Видов во Тим­на девојка од филистејските ќерки; земете ми ја за жена.“

3Татко му и мајка му рекоа: „Зар нема мома меѓу ќерките на браќата твои и во сиот народ, па одиш да земеш жена од необрезаните Филистејци?“ А Самсон му одговори на татко си: „Неа земи ми ја за жена, бидејќи таа ми се свиде.“

4Татко му и мајка му не знаеја дека тоа е од Господ, и дека тој бара изговор да им се одмазди на Филистејците; во тоа време Филистејците владееја над Израел.

5И отиде Самсон со татко си и мајка си во Тимна, и кога се приближуваа до лозјата на Тимна, ете еден млад лав, рикајќи му доаѓаше во пресрет.

6И Духот Господов слезе врз него, и тој го раскина лавот како јаре; а во раката негова немаше ништо. И не им кажа на татко си и на мајка си што направи.

7И дојде и поразговара со девојката, и таа му се допадна на Самсон.

8По неколку дена, тој пак отиде, за да ја земе, и наврати да го види трупот на лавот, и ете, рој пчели на трупот од лавот и мед.

9Тој зеде од медот во рацете свои, тргна и јадеше по патот; и кога дојде кај татко си и мајка си, им даде и ним, и тие јадеа; но не им кажа дека тој мед го зел од трупот на лавот.

10Дојде и татко му кај девојката, и таму Самсон приреди гозба, како што обично прават младоженците.

11И штом го видоа таму, избраа трие­сет свадбени другари, кои ќе бидат кај него.

12И им рече Самсон: „Ќе ви поставам една гатанка: ако ми ја одгатнете во текот на седум дена додека трае гозбава и ја погодите точно, ќе ви дадам три­есет кошули и триесет промени;

13ако, пак, не можете да ја одгатнете, вие ќе ми дадете триесет кошули и триесет промени.“ Тие му рекоа: „Пос­тави ја гатанката, да ја чуеме.“

14И им рече: „Од јадачот излезе јадење, и од силниот излезе слатко.“ И три дена не можеа да ја одгатнат га­танката.

15На седмиот ден тие ѝ рекоа на Самсоновата жена: „Премисли го ма­жот твој, да ни ја одгатне гатанката; инаку ќе те изгориме со оган тебе и домот на таткото твој; зар нѐ поканивте да нѐ ограбите.“

16И плачеше пред Самсон жената негова, велејќи: „Ти ме мразиш и не ме сакаш; ти им зададе гатанка на синовите на мојот народ, а мене не ми ја одгатнуваш.“ Тој ѝ рече: „На татко ми и на мајка ми јас не им ја одгатнав, на тебе ли да ти ја кажам?“

17И плачеше таа пред него седум дена, додека траеше гоштевањето нивно. Најпосле на седмиот ден тој ѝ ја одгатна, бидејќи таа упорно го молеше. А таа им ја кажа гатанката на синовите на нејзиниот народ.

18И на седмиот ден пред зајдисонце му рекоа граѓаните: „Што е послатко од мед, и што е посилно од лав?“ Тој им рече: „Да не бевте орале со мојата јунечка, немаше да ја одгатнете гатан­ката моја.“

19И Духот Господов слезе врз него, и тој отиде во Ашкелон, каде што уби триесет мажи, ги соблече од нив алиш­тата, им ги даде промените на оние што ја беа одгатнале гатанката; и се расрди многу, па отиде во куќата на таткото свој.

20А жената на Самсон му ја дадоа на неговиот свадбен другар, кој му беше пријател.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Judges 14.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.