Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Joshua 23

:
Macedonian - 2006
1 По многу време, откако Господ го успокои Израел од сите околни непријатели, Исус остаре, дојде во поодмината возраст.
2 И ги свика Исус сите синови Изра­елови, старешините нивни, судиите нивни и управителите нивни, и им рече: „Јас остарев, дојдов во поодмината возраст.
3 Вие видовте сѐ што Господ, вашиот Бог, направи пред лицето ваше со сите тие народи, бидејќи Господ, вашиот Бог, Самиот се бори за вас.
4 Ете, ви ги поделив со ждрепка тие други народи во наследство на племињата ваши, сите народи што ги победив од Јордан до Големото Море, на запад.
5 Самиот Господ, вашиот Бог, ќе ги прогони од вас; ќе ги истреби пред вас, за да ја добиете во наследство нивната земја, како што Господ, вашиот Бог, ви говореше.
6 Затоа трудете се ревносно да чувате и да исполнувате сѐ што е напишано во книгата на Мојсеевиот закон, не отста­пувајќи од него ниту надесно, ниту налево.
7 Не се зближувајте со народите што останаа меѓу вас, не ги спомнувајте имињата на нивните богови, не колнете се во нив, не служете им и не им се поклонувајте,
8 но приврзете се кон Господ, вашиот Бог, како што правевте до денес.
9 Господ протера пред ваши очи големи и силни народи, и никој не се осмели да стане против вас до денес;
10 еден од вас гонеше пред себе илјада, бидејќи Самиот Господ, вашиот Бог, се бореше за вас, како што ви говореше.
11 Затоа бидете многу внимателни и сакајте Го Господа, вашиот Бог.
12 Ако, пак, се вратите и се приклучите кон остатоците на тие народи, што останаа меѓу вас, и се сродите со нив, и одите кај нив, и тие кај вас,
13 знајте дека Господ, вашиот Бог, не­ма повеќе да ги прогонува од вас тие народи, туку ќе бидат за вас стапица и мрежа, камшик за ребрата ваши и трн за вашите очи, додека не бидете истре­бени од таа добра земја, што Господ, вашиот Бог, ви ја даде.
14 Еве, јас сега заминувам на пат каде што целиот свет заминува. А вие познавте со сето свое срце и со сета своја душа дека не беше напразен ниеден збор од сите добри зборови, што ги го­вореше за вас Господ, вашиот Бог: сѐ се изврши на вас, ни еден збор не остана неисполнет.
15 Но како што се изврши на вас секој добар збор, што ви го кажуваше Господ, вашиот Бог, така Господ ќе го исполни над вас секој лош збор, додека не ве истреби од оваа добра земја, што ви ја даде Господ, вашиот Бог.
16 Ако го прекршите заветот на Господ, вашиот Бог, што Тој ви го заповеда, и отидете да им служите на други богови и да им се поклонувате, тогаш гневот Господов ќе пламне врз вас, и брзо ќе исчезнете од оваа добра земја, која Тој ви ја даде.“