1И ѝ заповеда Господ на една голема риба да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи.
2Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на рибата,
3па рече: „Кон Господ повикав во мојата неволја и Тој ме чу; извикав од утробата на пеколот — и Ти го чу гласот мој.
4Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минуваа преку мене.
5Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, како ќе ја видам светињата Твоја?
6Ме притиснаа водите до гушата моја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена.
7Слегнав до корените на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ја изведе душата моја од јамата.
8Кога животот ми згаснуваше, се сетив на Господ, и молитвата моја стигна до Тебе, до светиот храм Твој.
9Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден,
10но јас со благодарствена песна ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Во Господ е спасението!“
11Тогаш ѝ заповеда Господ на рибата, и таа го исфрли Јона на копното.