John 62006

1Потоа Исус отиде на другата страна од Галилејското Море, на­ре­чено Тиверијадско.

2И по него одеше многу народ, зашто ги гледаа чудата Негови што ги вр­шеше над болните.

3А Исус отиде во гората и таму се­де­ше со учениците Свои.

4И наближуваше јудејскиот празник Пасха.

5Исус, пак, откако ги подигна очите, ви­де дека кон Него иде многу народ му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“

6А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи.

7Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно леб за двесте денарии, па да до­бие секој од нив по малку!“

8Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече:

9„Овде се наоѓа едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души?“

10Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!“ А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа луѓето, на број околу пет илјади.

11Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на оние што поседнаа; исто така и од рибите, кој колку сака­ше.

12А кога се наситија, им рече на уче­ниците Свои: „Соберете ги останатите парчиња за да не се загуби ништо!“

13И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошници пар­чи­ња, што им преостанаа на оние што ја­деа.

14Луѓето, кога го видоа чудото што го направи Исус, рекоа: „Овој е навистина Пророкот Кој требаше да дојде на светот!“

15Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогла­сат за цар, се повлече Сам во гората.

16А приквечер, учениците Негови слегоа до морето,

17влегоа во кораб и тргнаа преку мо­рето кон Капернаум.

18Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар.

19И кога беа поминале дваесет и пет — до триесет стадии, Го видоа Исус ка­ко оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија.

20Но Тој им рече: „Јас сум, не пла­ше­те се!“

21Тие сакаа да Го примат во коработ и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа.

22Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, за­бележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Не­гови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, а тие сами заминаа.

23И други кораби дојдоа од Ти­ве­ри­ја­да, близу до она место каде што беа јале леб, по благословувањето Господово.

24И кога видоа луѓето дека Исус не беше таму, ниту учениците Негови, влегоа сами во кораби и дојдоа во Ка­пернаум да Го бараат Исус.

25И штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде овде?“

26А Исус им одговори и рече: „Вис­ти­на, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте.

27Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и која ќе ви ја даде Синот Чо­веч­ки, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“

28А тие Му рекоа: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“

29Исус им одговори и рече: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној Кого Го испрати Тој.“

30А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш?

31Татковците наши јадеа мана во пус­тината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“

32Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од не­бото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото.

33Зашто лебот Божји е Оној, Кој сле­гува од небото и му дава живот на светот.“

34Тогаш тие Му рекоа: „Господи, да­вај ни го секогаш тој леб!“

35А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни.

36Но ви реков: вие и Ме видовте и пак не верувате.

37Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор;

38зашто Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати.

39А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не за­губам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден.

40Волјата на Оној што Ме прати е: се­кој што ќе го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, а Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“

41Се разгневија против Него Јудеј­ци­те, зашто рече: „Јас сум лебот што сле­зе од небото“,

42и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, Јо­сифовиот син, Чиј татко и мајка ги познававме? Како тогаш Тој вели: ‚Слегов од небото.‘“

43Им одговори Исус и рече: „Не мр­морете меѓу себе.

44Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме пра­ти; и Јас ќе го воскреснам во последни­от ден.

45Кај Пророците е напишано: ‚И ќе бидат сите од Бога научени.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа кај Мене.

46Но тоа не значи дека некој Го видел Бога, освен Оној Кој е од Бога; само Тој го видел Отецот.

47Вистина, вистина ви велам: Кој ве­рува во Мене има вечен живот.

48Јас сум лебот на животот.

49Татковците ваши јадеа мана во пус­тината и умреа;

50а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре.

51Јас сум живиот леб што слезе од не­бото; кој јаде од овој леб, ќе живее веч­но; а лебот што ќе го дадам Јас, е Мо­ето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“

52Јудејците пак почнаа да се препира­ат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?“

53А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Не­гова, не ќе имате живот во себе.

54Кој го јаде Моето тело и ја пие Мо­јата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.

55Зашто Моето тело е вистинска хра­на, и Мојата крв — вистинска напивка.

56Кој јаде од Моето тело и пие од Мо­јата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.

57Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Ме­не.

58Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа ма­на и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе жи­вее довека.“

59Ова го кажа Исус во синагогата, ко­га поучуваше во Капернаум.

60Тогаш мнозина од учениците Не­го­ви, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“

61А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува?

62А што ако Го видите Синот Чо­веч­ки како се вознесува горе, каде што бил порано?

63Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот.

64Но има меѓу вас и некои што не ве­руваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде.

65И рече: „Затоа ви зборувам дека ни­кој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“

66Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него.

67Тогаш им рече Исус на дванаесет­те: „Да не сакате и вие да си отидете?“

68А Симон Петар Му одговори: „Гос­поди, кај кого ќе отидеме? Ти имаш збо­рови за вечен живот,

69и ние поверувавме и познавме дека си Божјиот Светител (Христос, Син на живиот Бог).“

70Исус им одговори: „Не ли ве избрав дванаесетмина? Но еден од вас е ѓа­вол.“

71А зборуваше за Јуда Симонов Иска­риот, зашто тој, како еден од дванаесет­те, сакаше да Го предаде.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for John 6.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.