Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 41

:
Macedonian - 2006
1 Ете, надежта е суетна. Нема ли да паднеш само од еден негов поглед?
2 Нема толку силен кој би се осмелил да го обеспокои; и кој може да опстане пред Моето лице?
3 Кој Ми дал нешто порано, та Јас да му вратам? Под целото небо сѐ е Мое.
4 Нема да премолчам за деловите негови, за силата негова и телесната структура.
5 Кој може да ја симне горната облека негова, кој ќе се приближи до двојните челусти негови?
6 Кој може да ја отвори вратата на лицето негово? Забите негови нао­колу се ужас,
7 јаките штитови негови велико­лепие; тие се зацврстени како со тврд печат;
8 еден до друг се допираат толку блиску, така што и воздух не минува меѓу нив;
9 еден до друг стојат збиени, сле­пени се и не се разделуваат.
10 Кога кива, испушта светлина; очите му се како зраци на зората:
11 од устата негова излегуваат пламени јазици, излегуваат огнени искри;
12 од ноздрите негови излегува па­реа, како од зовриено грне или котел.
13 Здивот негов е разгорен јаглен, а од устата негова излегува пламен.
14 Во вратот негов е силата негова, и пред него ужас се шири.
15 Месестите делови на телото му се сплотени силно меѓу себе, не мрдаат.
16 Срцето му е цврсто како камен, кораво како долен воденички камен.
17 Кога се подига, јунаци треперат, сосема се губат од ужас.
18 Кој меч ќе се допре до него, не издржува; не издржува ни копје, ни кратко копје, ни стрела.
19 Железото за него е како слама, бакарот како гнило дрво.
20 Удар од стрела нема да го подгони; камењата од праќата во плева се претвораат за него.
21 Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од копјето тој се смее.
22 Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта.
23 Тој прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст;
24 зад себе остава светла трага; бездната изгледа како бело руно.
25 На земјата нема сличен на него: Тој е создаден бестрашен;
26 со презир ги гледа и најголемите свои непријатели.