Job 392006

1„Го знаеш ли времето, кога дивите кози раѓаат по карпите, и си гледал ли како раѓаат срните?

2Можеш ли да ги преброиш месеците на нивната бременост? И го знаеш ли времето кога раѓаат?

3Тие се превиткуваат, и раѓајќи ги малечките свои, се ослободуваат од болките свои.

4Породот нивни зајакнува, расте во полето, си оди и не се враќа при нив.

5Кој го пуштил на слобода дивото магаре и кој му ги разврзал врските негови,

6кому сум му ја одредил пустината за дом и соланите — за живеалиште.

7Тој се потсмева на вревата во градот и не го слуша викањето на терачот,

8си бара храна по горите и се впушта на секое зелено растение.

9Ќе сака ли еднорог да ти служи и ќе ноќева ли во твоите јасли?

10Можеш ли да го врзеш со јаже еднорогот за браздата, и ќе ја браносува ли по тебе нивата?

11Ќе се потпреш ли на него, бидејќи силата му е голема и ќе му ја оставиш ли нему твојата работа?

12Ќе му поверуваш ли дека тој ќе ги врати семињата твои и ќе ги донесе на гумното твое?

13Со своите крилја нојот радосно мав­та; какви нежни пердуви и какви перја тој има!

14Тој ги остава јајцата свои на земјата и ги топли на песокот,

15и заборава дека нога може да ги скрши или полска ѕверка да ги згази;

16немилостив е спрема малечките свои, како да не се негови, и не се пла­ши дека трудот негов ќе биде залуден,

17зашто Бог не му дал мудрост и не го надарил со разум;

18а кога ќе се извиши високо, му се потсмева на коњот и на јавачот негов.

19Ти ли му даде сила на коњот и ти ли го украси вратот негов со грива?

20Можеш ли да го исплашиш како скакулец? Треперењето на ноздрите негови е ужас;

21ја рови со нога земјата и ѝ се восхитува на силата своја; оди спроти оружје;

22се смее на опасноста и не се плаши и не се отстранува од меч.

23Торба со стрели ѕвечка на грбот не­гов, болскаат копјето и топузот;

24од немир и јарост голта земја и не може да стои при трубен звук;

25штом ќе засвири трубата, тој вриш­ти и оддалеку ја претчувствува битката, громкиот глас на војводите и викот.

26Поради твојата мудрост ли лета јастребот и ги насочува крилјата свои кон југ?

27На твојот збор ли се издига оре­лот и си вие гнездо на високо?

28Тој живее на карпа и ноќева на врв од стрмнината и на непристапни места;

29оттаму ја здогледува храната своја: очите негови гледаат далеку;

30и малечките негови пијат крв; каде што има труп, таму е и тој.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Job 39.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.