Jeremiah 382006

1Сафатија, синот Матанов, Годолија, синот Пашхуров, Јухал, синот Шелемиев, и Пашхур, синот Мел­хиев ги чуја зборовите, што ги кажа Еремија пред народот, откако рече:

2„Вака вели Господ — оној, што ќе остане во овој град, ќе умре од меч, од глад и од помор; а оној, што ќе појде кај Халдејците, ќе остане жив, и животот ќе му биде како воен плен и тој ќе остане жив.

3Така вели Господ — овој град бездруго ќе биде предаден во рацете на војската од вавилонскиот цар, и тој ќе го преземе.“

4Тогаш кнезовите му рекоа на царот: „Овој човек нека биде предаден на смрт, зашто влијае да ослабат рацете на војниците, што ќе останат во овој град, рацете на сиот народ, откако им ги кажа тие зборови; бидејќи овој човек не му пожелува добро на овој народ, туку зло.“

5И рече царот Седекија: „Ете, тој е во ваши раце, бидејќи царот не може ништо да направи против вас.“

6Тогаш го фатија Еремија и го фрлија во јамата на Малкија, синот царев, кој беше во стражарницата, и го спуштија Еремија со јаже; во јамата немаше вода, туку само тиња, и Еремија падна во тињата.

7И чу Авдемелех Етиопјанецот, еден од дворјаните што се наоѓаше во цар­скиот дом, дека Еремија го фрлија во јамата, а царот тогаш седеше пред портите Венијаминови.

8Па излезе Авдемелех од царскиот дом и му рече на царот:

9„Господаре мој, царе, лошо ти на­правија оние луѓе што така постапија со пророкот Еремија, кого го фрлија во јамата; тој ќе умре таму од глад, зашто во градот веќе нема леб.“

10Царот му заповеда на Авдемелех Етиопјанецот и рече: „Земи со себе од­овде триесетина луѓе и извлечи го пророкот Еремија од јамата, додека уште не умрел!“

11Авдемелех зеде со себе луѓе и влезе во царскиот дом, во подземјето, и зеде оттаму износени алишта, стари крпи, па ги спушти со јаже во јамата кај Еремија.

12И му рече Авдемелех Етиопјанецот на Еремија: „Стави ги тие ветви алишта и крпите под мишките на рацете свои, под јажето.“ И Еремија направи така.

13Па го повлекоа Еремија со јажето и го извлекоа од јамата. И остана Еремија во стражарницата.

14Тогаш царот Седекија прати, па го повика при себе Еремија, кај третиот влез во домот Господов; и му рече на Еремија: „Ќе те прашам нешто, но не сокривај ништо од мене.“

15И му рече Еремија на Седекија: „Ако ти откријам, нема ли да ме предадеш на смрт, а ако те посоветувам, ти нема да ме послушаш.“

16И му се заколна тајно царот Седе­кија на Еремија, велејќи: „Жив Господ, Кој ни ја создаде душата, нема да те предадам на смрт и нема да те предадам во рацете на оние луѓе, што ја бараат душата твоја.“

17Тогаш Еремија му рече на Седе­кија: „Вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израелов — ако отидеш кај кнезовите на вавилонскиот цар, душата ќе ти остане жива, и овој град нема да биде изгорен со оган, и ти ќе бидеш жив, а и домот твој;

18ако, пак, не појдеш кај кнезовите на вавилонскиот цар, овој град ќе биде предаден во рацете на Халдејците, и тие со оган ќе го изгорат, а ти нема да побегнеш од рацете нивни.“

19И му рече царот Седекија на Ере­мија: „Се плашам од Јудејците, кои појдоа кај Халдејците, за да не ме предадат Халдејците во рацете нивни, па тие да се исмеат со мене.“

20И му рече Еремија: „Нема да те предадат; послушај го гласот Господов за ова, што ти го кажувам, па ќе ти биде добро, и жива ќе остане душата твоја.

21Ако, пак, не сакаш да појдеш, еве го словото, што ми го откри Господ:

22ете, сите жени, што ќе останат во домот на јудејскиот цар, ќе бидат одведени кај кнезовите на вавилонскиот цар, и ќе речат: ‚тебе те излажаа и те победија твоите пријатели; нозете твои потонаа во тиња, а тие побегнаа од тебе,

23и сите твои жени и децата твои ќе ги одведат кај Халдејците, и ти не ќе можеш да избегаш од рацете нивни; ти ќе бидеш грабнат од раката на вавилонскиот цар и ќе направиш овој град да биде изгорен со оган.‘“

24И му рече Седекија на Еремија: „Никој да не ги знае овие зборови, и тогаш ти нема да умреш;

25ако, пак, чујат кнезовите дека сум зборувал со тебе, и дојдат кај тебе и ти речат — кажи ни, што му зборуваше на царот, не криј од нас, и ние нема да те убиеме, а и она, што ти рече царот,

26тогаш кажи им: јас му ја изнесов пред лицето на царот мојата молба, за да не ме враќа во домот на Јонатан, па да не умрам таму.“

27И дојдоа сите кнезови кај Еремија и го прашаа, а тој им одговори точно онака, како што му беше заповедал царот да каже, и тие молчешкум го оставија, бидејќи не го дознаа она што му беше речено на царот.

28И остана Еремија во стражарницата до денот, во кој Ерусалим беше преземен. И Ерусалим го презедоа.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Jeremiah 38.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.