Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 23

:
Macedonian - 2006
1 Тешко им на пастирите, што ги погубуваат и растураат овците на Моето стадо, вели Господ.
2 Затоа вака вели Господ, Бог Изра­елов, кон пастирите, кои го пасат народот Мој: вие ги растуривте овците Мои, ги упропастивте и не се грижите за нив; еве, Јас ќе ве казнам за вашите зло­с­торства, вели Господ.
3 И ќе го соберам остатокот од Моето стадо, од сите земји каде што ги бев изгонил, и ќе ги вратам во трлата нив­ни, па ќе се плодат и ќе се размножу­ваат.
4 И ќе поставам над нив пастири, што ќе ги пасат, и тие нема веќе да се пла­шат, ниту ќе треперат и нема да се гу­бат, вели Господ.
5 Еве, доаѓа времето, вели Господ, и ќе му издигнам на Давид фиданка, и ќе се зацари Цар, Кој ќе постапува мудро и ќе суди праведно на земјата.
6 Во дните Негови Јуда ќе се спаси, и Израел ќе живее безопасно; и еве, Неговото име со кое ќе Го именуваат е „Господ Нашата правда!“
7 Затоа, еве, идат дните, вели Господ, кога веќе нема да се зборува: „Жив Господ, Кој ги изведе синовите Изра­елови од земјата египетска“,
8 туку „Да е жив Господ, Кој го изведе и Кој го доведе племето на домот Из­раелов од северната земја и од сите земји, каде што ги беше изгонил“, и тие ќе живеат во земјата своја.
9 Поради пророците срцето ми се ки­не во мене, сите коски ми се тресат, јас сум како пијан, како човек што го фа­тило виното, заради Господа и заради Неговите свети зборови,
10 зашто земјата се наполни со пре­љубници, и земјата плаче поради прок­летството; се исушиле пасиштата по пустините, зашто стремежот им е зло, а силата нивна неправда;
11 бидејќи и пророкот и свештеникот се безбожни: дури и во домот Мој го забележав бесчестието нивно, вели Господ.
12 Затоа патот нивни ќе биде лизгаво место во темнината ќе ги туркаат и тие ќе паѓаат таму; зашто Јас ќе ис­пратам врз нив беда во годината, кога ќе ги казнам, вели Господ.
13 А кај пророците во Самарија видов безумие, тие пророкуваат во името на Ваал и го воведуваат во заблуда народот Мој, Израел.
14 А кај пророците во Ерусалим гледам нешто уште пострашно: тие прељубодејствуваат и одат во лага, ги поткрепуваат рацете на злодејците, та никој од нив да не се откаже од бес­честието свое; сите тие се пред Мене како Содом, а жителите негови како Гомора.
15 Затоа вака вели Господ Саваот за пророците: еве, ќе ги нахранам со пе­лин и ќе ги напојам со затруена вода, поради тоа што од ерусалимските пророци се разнесе безбожие по целата земја.
16 Така вели Господ Саваот: немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви пророкуваат тие ве лажат, кажуваат измислени работи од срцето свое, а не она што доаѓа од устата Гос­подова.
17 Постојано им зборуваат на оние, кои не Ме почитуваат: „Господ рече, мир ќе имате.“ И на секого кој се уп­равува според тврдокорноста на срцето свое, велат: „Зло нема да ве снајде.“
18 Зашто, кој е тој што присуствувал на советот на Господ, па видел и го чул словото Негово? Кој го разбрал Него­вото слово и кој го чул тоа?
19 Еве, иде бурата Господова со јарост, бура страшна, и ќе се свие врз главата на безбожниците.
20 Гневот Господов нема да се одврати сѐ додека Тој не ги изврши и додека не ги исполни замислите на Своето срце; во последните дни тоа наполно ќе го разберете.
21 Јас не ги праќам тие пророци, а самите се беа растрчале; Јас не им збо­рував, а тие пророкуваа.
22 Да беа стоеле во советот Мој, тие ќе му ги објавеа зборовите Мои на Мојот народ и ќе го отклонеа од неговиот лош пат и од неговите лоши дела.
23 Зар Јас сум Бог само одблизу, вели Господ, а не Бог и оддалеку?
24 Може ли човек да се сокрие на мес­то тајно, каде што Јас не би го видел? вели Господ. Зар не ги исполнувам Јас небото и земјата вели Господ.
25 Јас слушав што зборуваат пророците, кои во името Мое пророкуваат лага. Тие велат: „Ми се сони, ми се сони.“
26 До кога ќе трае тоа во срцето на пророците, кои пророкуваат лага, кои пророкуваат измама од срцата свои?
27 Тие мислат дека преку своите со­ништа, што си ги раскажуваат еден на друг, ќе го доведат Мојот народ дотаму, да го заборави името Мое, како што го заборавија татковците нивни името Мое заради Ваал!
28 Пророкот што видел сон, нека го раскаже како сон, а во кого е словото Мое, нека го каже верно словото Мое. Што заедничко има плевата со пченицата? вели Господ.
29 Зар не е Моето слово како оган, ве­ли Господ, и не е ли како чекан што крши карпа?
30 Затоа, еве, Јас сум против проро­ците, вели Господ, кои ги крадат зборо­вите Мои еден од друг.
31 Еве, Јас сум против пророците, ве­ли Господ, кои го креваат својот јазик и велат: „Тој рече.“
32 Еве, Јас сум против пророците на лажни соништа, вели Господ кои ги кажуваат и преку своите измами и итрини го заблудуваат Мојот народ, ко­га Јас не сум ги пратил, ниту сум им за­поведал; затоа тие не донесуваат никаква полза за тој народ, вели Господ.
33 Ако те праша тој народ, или пророк, или свештеник: какво е бремето од Господ? а ти кажи му „Вие сте бреме. Јас ќе ве напуштам,“ вели Господ.
34 Ако пророкот, или свештеникот, или народот каже: „Тоа е бреме од Гос­под“, Јас ќе го казнам тој човек и домот негов.
35 Туку вака да кажувате еден на друг и брат брату: „Што одговори Господ?“ или „Што вели Господ?“
36 А тој збор: „Бреме од Господ“, не употребувајте го во иднина, зашто на таков човек бреме ќе му биде неговиот збор, бидејќи вие ги изопачувате збо­ровите на живиот Бог, Господ Саваот, нашиот Бог.
37 Вака прашувај пророк: „Што ти одговори Господ?“ или „Што рече Гос­под?“
38 Ако пак сѐ уште велите: „Бреме од Господ“, тоа така вели Господ, поради тој збор што го кажувате „Бреме од Господ“, кога пак, Јас ве пратив да не велите „Бреме од Господ“,
39 еве затоа ќе ве заборавам наполно, ќе ве оставам и ќе го отфрлам од лицето Свое овој град, кој ви го дадов вам и на татковците ваши.
40 И врз вас ќе испратам вечна поруга и вечен срам, кој нема да се заборави.