Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 22

:
Macedonian - 2006
1 Вака вели Господ: слези во домот на царот Јудин, и искажи го таму ова слово,
2 па кажи: чуј го словото Господово, царе јудејски, ти, кој седиш на Давидо­виот престол, ти и твоите слуги и луѓе­то твои, кои влегуваат низ овие порти.
3 Вака вели Господ: извршувајте суд и правда и спасувајте го угнетуваниот од рацете на угнетувачот и не притеснувај­те го придојдениот, како ни сиракот ни вдовицата, и не проливајте невина крв на ова место.
4 Зашто, ако го исполнувате ова сло­во, низ портите на овој дом ќе влегуваат цареви, кои ќе седат наместо Давид на престолот негов, кои ќе се возат во коли и ќе јаваат на коњи, тие и слугите нивни и луѓето нивни.
5 Ако, пак, не ги послушате овие збо­рови, жив сум Јас, вели Господ, дека овој дом ќе запусти.
6 Зашто, така вели Господ за домот на јудејскиот цар: ти си за Мене Галаад и леванонски врв; но Јас ќе направам од тебе пустина, и градовите твои ќе ста­нат ненаселени;
7 и ќе повикам против тебе истре­бители, секој со своето оружје и тие ќе ги исечат твоите најубави кедри и ќе ги фрлат во оган.
8 И многу народи ќе минуваат низ овој град и ќе се прашуваат еден со друг: „Зошто Господ така постапи со овој голем град?“
9 И ќе си одговорат „Зашто тие го оставија заветот на Господ, нивниот Бог, и се поклонија на други богови и ним им служеа.“
10 Не плачете за умрениот и не жа­лете за него; туку горко плачете за оној, што оди во ропство, зашто тој веќе не­ма да се врати и нема да го види својот роден крај.
11 Зашто вака вели Господ за Селум, синот на јудејскиот цар Јошија, кој ца­руваше по татко си Јошија, и кој излезе од тоа место: тој веќе нема да се врати во него,
12 Но ќе умре таму, каде што го одведоа како роб, и нема веќе да ја види оваа земја.
13 Тешко му на оној, кој гради своја куќа со неправда, и свои соби со беззаконие, кој го присилува ближниот свој да му работи без награда и не му дава плата,
14 кој вели ќе си направам голема куќа и широки соби, и кој отвора прозорци, ги обложува со кедар и ги боја­дисува со црвена боја.
15 Мислиш ли дека си цар, затоа што си се оградил со кедар? Татко ти јадеше и пиеше, но вршеше суд и правда, па затоа му беше добро.
16 Тој го бранеше правото на бедниот и на сиромавиот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа дека некој Ме познава? вели Господ.
17 Но твоите очи и твоето срце се свртени само кон корист за себеси и кон пролевање невина крв, за да угнетуваш и присилуваш.
18 Затоа, вака вели Господ за Јоаким, синот на јудејскиот цар Јошија: нема да го оплакуваат „О брате!“ и „О сестро!“, нема да го оплакуваат: „О господаре!“ и „О негово величие!“
19 Како магаре тој ќе биде погребан; ќе го изнесат и ќе го фрлат далеку од ерусалимските порти.
20 Качи се на Ливан и извикај, подигни го гласот свој на Башан и викни од Аварим, зашто погубени се сите твои пријатели.
21 Јас ти зборував, кога ти беше добро, но ти рече: нема да послушам. Такво беше твоето поведение уште од младоста, ти не го слушаше гласот Мој.
22 Сите твои пастири ветар ќе ги од­вее, а пријателите твои во ропство ќе отидат и тогаш ти ќе бидеш посрамен и понижен за сите твои злодела.
23 Ти, кој живееше на Ливан и си свил гнездо во кедрите, колку ли ќе офкаш, кога ќе те постигнат болки, како кај по­родилка!
24 Се колнам во Својот живот, вели Господ: да ми беше јудејскиот цар Ко­нија, синот на Јоаким, прстен на десната рака Моја, и оттаму ќе те откинам,
25 и ќе те предадам во рацете на оние, кои ја бараат душата твоја, и во рацете на оние, од кои се плашиш, во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор и во рацете на Халдејците.
26 Па ќе те исфрлам тебе и твојата мајка, која те родила, во туѓа земја, каде што не сте се родиле, и таму ќе умрете.
27 А во земјата, каде што душата нив­на ќе копнее да се врати, таму нема да се вратат.
28 „Зар тој човек, Конија, е презрено суштество, отфрлен и несакан сад, та тој и племето негово беа фрлени во земја што не ја познавале?“
29 О, земјо, земјо, земјо, чуј го словото Господово!
30 Така вели Господ: запишете го овој човек како лишен од деца, како човек со злочести дни, зашто никој од племето негово веќе нема да седи на прес­толот Давидов и нема да владее во Јудеја.