Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Isaiah 56

:
Macedonian - 2006
1 Вака вели Господ: пазете го правосудството и вршете правда; зашто близу е спасението од Мене и от­кровението на Мојата правда.
2 Блажен е човекот, кој го прави тоа и синот човечки, кој здраво се придржува за тоа, кој пази на саботата за да не ја оскверни и ја чува раката своја за да не врши никакво зло.
3 Синот на туѓинецот, кој се присоединил кон Господ, да не вели: „Господ сосема ме оддели од Својот народ“, и евнухот да не рече: „Ете, јас сум суво дрво.“
4 Зашто вака вели Господ за евнусите: „Оние што ги пазат Моите саботи и го избираат она, што Ми е Мене угодно, оние што цврсто се придржуваат за заветот Мој,
5 ним ќе им дадам во домот Свој и во ѕидините Свои место и име подобро отколку на синовите и ќерките: ќе им дадам вечно име, кое нема да биде истребено.“
6 И синовите на туѓинците, што се присоединиле кон Господ, за да Му служат и да го сакаат името на Господ, да бидат слуги Негови, сите кои ја пазат саботата да не ја осквернат и цврсто се придржуваат за заветот Мој,
7 Јас ќе ги одведам на Мојата света гора и ќе ги зарадувам во Мојот дом за молитва: сепалениците нивни и жрт­вите нивни ќе бидат благопријатни врз Мојот жртвеник, зашто Мојот дом ќе се нарече молитвен дом за сите народи.
8 Господ Бог, Кој ги собира рас­прснатите Израелци, вели: покрај веќе собраните Израелци, ќе собирам и други.
9 Дојдете да јадете вие, сите ѕверови полски, сите ѕверови шумски!
10 Стражите нивни сите се слепи и не­разумни: сите тие се неми пци, кои не можат да лаат, но лежејќи, бладаат и сакаат да спијат.
11 Тоа се пци со ненаситна душа, кои не знаат ситост; и тоа се пастири не­разумни: сите, од првиот до последниот, го гледаат својот пат, својата заработка:
12 „Дојдете велат ќе донесеме вино, ќе се напиеме жесток пијалак; и утре ќе биде истото она што и денес, дури и повеќе отколку денес.“