Isaiah 422006

1Еве го Мојот Слуга, Кого Го поддржувам, Мојот Избраник, љубимецот на душата Моја. Ќе Го по­ложам Духот Свој врз Него, и Тој ќе им донесе правда на народите;

2нема да викне, ниту да го подигне гласот Свој, нема да дозволи да го чујат на улиците;

3скршената трска нема да ја здроби, и чадливата ламба нема да ја угасне; ќе суди според вистината;

4нема да ослабне, ниту ќе изнемошти, додека на земјата не воспостави правда, народите ќе се надеваат на Неговиот закон.

5Така вели Господ Бог, Кој ги создал небесата и нивното пространство, Кој ја раширил земјата со нејзините производи, Кој му дава здив на народот што е на неа, и дух на оние што одат по неа.

6Јас, Господ, Те повикав во правда, цврсто ќе Те држам за рака и ќе Те пазам, ќе те поставам за завет на народот, светлина за незнабошците,

7за да им ги отвориш очите на сле­пите, да ги изведеш врзаните од затвор и оние што седат во темнина — од тем­нината.

8Јас сум Јахве, тоа е Моето име, и не­ма да ја дадам славата Своја на друг, ни­ту честа Своја на идоли.

9Ете, претскажаното порано се збидна, и ново ќе ви објавам; пред да стане тоа, Јас ќе ви го објавам.

10Пејте Му на Господ нова песна, по­хвала за Него од земните краишта, вие што пловите по море, и сѐ што го пол­ни, островите и оние што живеат на нив.

11Нека издигне глас пустината и нејзините градови, населбите, каде што живеат Кедарци; нека ликуваат оние што живеат во Сала, нека воскликнуваат од врвовите планински.

12Нека Му оддадат слава на Господ, похвалата Негова нека ја разгласат по островите.

13Господ ќе излезе како јунак, рев­носта ќе ја побуди како војник; ќе извика и ќе подигне војнички вик; ќе се по­каже силен против непријателите Свои.

14Долго молчев Јас, трпев и се воз­држував; сега ќе викам како родилка, ќе се забревтам и ќе голтам сѐ.

15Ќе опустошувам планини и ридови, и сета нивна трева ќе ја исушам; реките ќе ги направам острови, езерата ќе ги исушам.

16Ќе ги поведам слепите по пат, што тие не го знаат, ќе ги водам по нејзини патеки, темнината ќе ја претворам во светлина пред нив, а кривите патеки — прави: ете, што ќе направам Јас за нив, и нема да ги оставам.

17Тогаш ќе отстапам и со голем срам ќе се покријат оние, што се надеваат на идоли, кои им велат на идолите: вие сте наши богови.

18Слушајте, глуви, и гледајте, слепи, за да видите.

19Кој е толку слеп како што е Мојот слуга, и глув, како што е Мојот пра­теник? Кој е толку слеп како што е возљубениот, кој е така глув, како што е слугата Господов?

20Ти си видел многу, но не си забе­лежувал; ушите ти биле отворени, но не си слушал.

21На Господ Му било угодно заради правдата Своја да го возвеличи и про­слави законот Свој.

22Но тоа е народ поробен и разгра­бен; сите тие се врзани во подземја и со­криени во темници; станале плен, и не­ма спасител, ограбени се, и никој не вели: врати го!

23Кој од вас пројавил слух за тоа, кој внимава и слуша за иднината?

24Кој го предаде Јаков на разурнување и Израел — на грабачи? Не е ли тоа Господ, против Кого згрешивме, по Чии патишта не сакавме да одиме и Чиј закон не го слушавме?

25А Тој ја излеа врз нив јароста на Својот гнев и стравотиите на војната: Ти ги опкружи со пламен од сите стра­ни, но тие не забележуваа; ги изгоре, но тие ни тоа не го сфатија сериозно.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 42.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.