Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hosea 13

:
Macedonian - 2006
1 Кога Ефрем зборуваше, сите трепереа. Тој беше првак во Из­раел; но се огреши со Ваал и загина.
2 И сега продолжува да греши: напра­вија идоли излеани од сребро, онака како што сами ги замислуваат уметничка работа па им велат на луѓето ним да им принесуваат жртви и да ги целиваат телињата.
3 Поради тоа тие ќе бидат како утрена магла, како роса што брзо исчезнува, како плева што ветар ја однесува од гумното, како дим од оџак.
4 Но Јас сум Господ, твојот Бог уште од земјата египетска и ти не треба да имаш друг Бог освен Мене; нема Спа­сител освен Мене.
5 Јас те хранев во пустината, во засу­шената земја.
6 Јас ги хранев и тие беа сити; а кога се заситуваа, срцето им се возгордуваше, и поради тоа Мене Ме забораваа.
7 И Јас ќе бидам како лав за нив, како леопард што им демне покрај патот.
8 Ќе напаѓам врз нив како мечка, чии мечиња се грабнати: ќе им ги истргнувам срцата нивни и ќе ги изедам таму како лавица, полските ѕверови ќе ги раскинуваат.
9 Ќе те уништам, Израеле, кој ќе ти помогне?
10 Каде ти е сега царот за да те спаси? Каде се твоите кнезови да те бранат, оние за кои велеше: „Дај ни цар и началници!“
11 Јас ти дадов цар во гневот Свој и ти го одзедов во јароста Своја.
12 Врзано е беззаконието на Ефрем, се чува гревот негов.
13 Родилните маки го обзедоа, но тој е неразбран син, не излегува навреме од утробата.
14 Од власта на пеколот ќе ги откупам, од смртта ќе ги избавам. Смрт ка­де ти е силата? Каде ти е тебе, пеколу, победата? Сочувството е скриено од Моите очи.
15 Иако е Ефрем плоден меѓу браќата, ќе дојде источен ветар, ќе се крене вет­рот Господов од пустината, и ќе го пресуши изворот негов, и ќе го однесе богатството од сите сокровишта.