Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 4

:
Macedonian - 2006
1 Потоа Адам легна со жената своја Ева, која зачна и го роди Каин, и рече: „Придобив човек од Господ!“
2 Го роди уште и братот негов Авел. И Авел стана овчар, а Каин беше земјоделец.
3 По некое време Каин Му принесе на Господ дар од земните плодови;
4 а и Авел исто така принесе од пр­вината на стадото свое и од нивната маст. И Господ погледна благонаклоно на Авел и на неговите дарови;
5 а на Каин и на неговите дарови не погледна благонаклоно. Затоа Каин многу се разлути, и лицето му се намршти.
6 Тогаш Господ му рече на Каин: „Зошто се лутиш? Зошто се помрачи лицето твое?
7 Зарем, кога правиш добро, не си ведар во лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата; тој те влече кон себе, но ти надвладај го!“
8 И му рече Каин на својот брат Авел: „Да појдеме в поле!“ А кога беа во полето, Каин скокна на својот брат Авел, и го уби.
9 Тогаш Господ му рече на Каин: „Каде е братот твој, Авел?“ А тој одговори: „Не знам; зарем јас сум чувар на брат ми?“
10 А Господ рече: „Што направи? Чуј! Крвта на братот твој вика од земјата кон Мене.
11 Затоа да си проклет на земјата, што ја отвори устата своја да ја прими крвта на братот од раката твоја.
12 Кога ќе ја обработуваш земјата, таа нема повеќе да ти дава изобилен род; ти ќе бидеш изгнаник и скитник по земјата!“
13 А Каин му рече на Господ: „Каз­ната моја е толку голема, што не може да се носи.
14 Ете, денес ме истеруваш од плодната земја, и од лицето Твое ќе се кријам и ќе бидам прогонет и скитник по земјата: значи, секој што ќе ме сретне, може да ме убие.“
15 А Господ му рече: „Тоа нема да се случи; зашто кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!“ И му стави Господ знак на Каин, за да не го убие никој, кој ќе го сретне.
16 И си отиде Каин од пред лицето на Господ, и се насели како прогонет во земјата Нод, источно од Едем.
17 И легна Каин со жената своја, и таа забремени и го роди Еноха Потоа соѕида град и го нарече според името на својот син Енох.
18 На Енох му се роди Ирад; а Ирад го роди Мехујаел; Мехујаел, пак, го роди Матусал, а Матусал го роди Ламех.
19 Ламех зеде две жени: на едната ѝ беше името Ада, а на другата Цила.
20 Ада го роди Јавал, тој е татко на оние што живеат во шатори со стада.
21 А на братот негов името му беше Јувал; тој беше татко на сите што свиреа на гусли и шупелки.
22 Цила, пак, го роди Тувал-Каин, кој беше ковач на секакви работи од бакар и железо; а сестра на Тувал-Каин му беше Ноема.
23 И им рече Ламех на жените свои, Ада и Цила: „Чујте го гласот мој, жени Ламехови; послушајте ги зборовите мои: убив човек поради рана и момче заради модрица.
24 Ако за Каин треба да се одмазди седумпати, за Ламех ќе се одмазди седумдесет и седумпати!“
25 Адам пак легна со жената своја, и таа му роди син, и му даде име Сит. Зашто рече: „Господ ми даде син место Авел, кого го уби Каин.“
26 И на Сит му се роди син, кого го нарече Енох. Тогаш почна да се по­викува името Господово.