Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 29

:
Macedonian - 2006
1 Тогаш се крена Јаков и отиде во земјата на синовите на исток.
2 Одеднаш во полето забележа извор; и ете три стада овци лежеа околу него, бидејќи на тој извор се поеја стада. Но голем камен имаше над отворот од изворот.
3 И кога се собираа таму сите стада, го иставаа каменот од отворот на изворот и ги напојуваа овците, а потоа пак го ставаа каменот над отворот од изворот на неговото место.
4 Јаков им рече: „Од каде сте вие, браќа?“ Тие одговорија: „Од Харан сме.“
5 А тој им рече: „Го познавате ли Лаван, синот Нахоров?“ Тие рекоа: „Го познаваме.“
6 Тој пак ги праша: „Здрав ли е?“ Рекоа: „Здрав е, и еве Рахила, ќерката негова, иде со стадото.“
7 И тој рече: „Ете, уште е рано и не е време добитокот да се прибира. Напојте ги овците, па одете и пасете ги!“
8 А тие рекоа: „Не можеме, додека не се соберат сите стада, за да се истави каменот од отворот над изворот, па тогаш ќе ги напоиме овците.“
9 Додека тој уште зборуваше со нив, дојде Рахила со ситниот добиток од тат­кото нејзин, бидејќи таа нив ги па­сеше.
10 А кога ја виде Јаков Рахила, ќерката Лаванова и стадото на Лаван, братот на мајка си, пристапи Јаков и го истави каменот од отворот на изворот, и го напои стадото на Лаван, братот на својата мајка.
11 И ја бакна Јаков Рахила, па извика и заплака.
12 Потоа ѝ кажа на Рахила дека тој му е род на таткото нејзин и дека е син на Ревека. А таа отрча, па го извести таткото свој.
13 А кога чу Лаван за Јаков, синот на неговата сестра, му излезе во пресрет, го прегрна и бакна, и го воведе во својот дом. А тој му раскажа на Лаван сѐ.
14 Лаван, пак, му рече: „Ти си на­вистина моја коска и моја плот!“ И тој остана кај него цел месец.
15 Тогаш му рече Лаван на Јаков: „Зарем бесплатно ќе ми служиш зашто си ми род? Кажи ми, која да ти биде платата?“
16 А Лаван имаше две ќерки: на постарата ѝ беше името Лија, а на по­младата Рахила.
17 На Лија очите и беа болникави, а Рахила имаше убава става и убаво лице.
18 Јаков ја засака Рахила, па рече: „Ќе ти служам седум години за Рахила, твојата помала ќерка.“
19 Тогаш Лаван рече: „Подобро тебе да ти ја дадам, отколку на друг; остани кај мене!“
20 И отслужи Јаков за Рахила седум години, и тие му се причинија како неколку дена, зашто ја сакаше.
21 И му рече Јаков на Лаван: „Дај ми ја жената, зашто дојде времето да влезам кај неа!“
22 И ги повика Лаван сите луѓе од тоа место и направи свадбена гозба.
23 А вечерта ја зеде Лија, ќерката своја, и ја воведе кај Јаков, и тој влезе кај неа.
24 И Лаван ѝ ја даде Зелфа, слугинката своја, на Лија, ќерката своја, за да ѝ биде слугинка.
25 А кога настана утрото, се виде дека тоа била Лија, па му рече Јаков на Лаван: „Што ми направи? Нели за Ра­хила ти слугував? Зошто ме измами?“
26 А Лаван му рече: „Не бива во на­шето место да се омажи помалата пред постарата.
27 Помини оваа седмица со неа, па ќе ти ја дадам и другата, за која ќе ми слу­гуваш други седум години.“
28 И Јаков направи така, и помина со неа една седмица. Потоа му ја даде Ла­ван за жена Рахила, ќерката своја.
29 И ѝ ја даде Лаван слугинката своја Билха на Рахила, ќерката своја, за да ѝ биде слугинка.
30 Тогаш Јаков влезе кај Рахила. И Рахила повеќе ја засака отколку Лија. И така му служеше на Лаван уште други седум години.
31 Кога виде Господ дека Лија не е сакана, ѝ ја отвори утробата нејзина, а Рахила остана неплодна.
32 Лија зачна и роди син и го нарече Рувим, велејќи: „Господ милостивно погледна на мојата несреќа; сега ќе ме засака мажот мој.“
33 И пак зачна, и роди син, па рече: „Господ чу дека не сум сакана, па ми го даде и овој.“ И го нарече Симеон.
34 И одново зачна, пак роди син и рече: „Сега веќе ќе ми се наклони мажот мој, оти му родив три сина!“ Затоа му стави име Левиј.
35 А кога пак зачна, и роди син, рече: „Сега ќе Го славам Господа!“ Затоа го нарече Јуда. И престана да раѓа.