Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 9

:
Macedonian - 2006
1 Извика на ушите Мои со силен глас и рече: „Нека се приближат оние, што сакаат да го казнат градот, секој со своето убиствено оружје во рацете.“
2 И ете, шестмина луѓе влегуваат од горната врата свртени кон север и кај секого во раката убиствено сечиво, а меѓу нив еден облечен во ленена облека, а на појасот негов сафир и дојдоа, па застанаа до бронзениот жртвеник.
3 И славата на Бог Израелов се спушти од херувимите, на кои беше, врз прагот на домот. Го повика Бог чо­векот, облечен во ленена облека и кој имаше на бедрата појас.
4 И му рече Господ: „Мини по средината на градот, по средината на Еру­салим, и стави им знак на челата на луѓето, оние што жалат, кои воздивнуваат за гадотиите, што се вршат во него.“
5 А на другите чув да им каже: „Одете по него во градот и убивајте; вашето око да не жали, и не штедете:
6 старец, момче и девојка, дете и жена, бијте ги до смрт, но не гибајте ни еден од луѓето кои имаат знак, а почнете од моето светилиште.“ И тие почнаа од старешините што стоеја пред домот.
7 И им рече: „Осквернете го домот, наполнете ги дворовите со убиени и излезете.“ Тие излегоа и почнаа да убиваат по градот.
8 А кога убиваа, јас останав и паднав ничкум, извикав и реков: „О, Господи, зар ќе го истребиш сиот остаток на Израел, изливајќи го гневот Свој врз Ерусалим!?“
9 И ми рече Тој: „Бесчестието на домот Израелов и Јудин е многу големо; и оваа земја е полна со крв, градот е исполнет со неправда; зашто тие велат: ‚Господ ја остави оваа земја, Господ не гледа.‘
10 Затоа и окото мое нема да ги пожали и нема да се смилува; делата нивни ќе ги свртам врз нивните глави.
11 И ете, човекот облечен во ленена облека и со мастилница на појасот, од­говори и рече: ‚Извршив како што ми заповеда.‘“