Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 48

:
Macedonian - 2006
1 А ова се имињата на племињата. На север, по патот што води од Хетлон за Хамат и Хацар-Енан, на ме­ѓата меѓу Дамаск и Хамат, сето тоа од исток па сѐ до морето е еден дел за Дан.
2 А од границата на Дан, од север па до запад, тоа е еден дел за Асир.
3 Од границата, пак, на Асир, од ис­точниот крај па до западниот, тоа е дел еден за Нефталим.
4 До границата на Нефталим, од ис­точниот крај па сѐ до западниот, тоа е еден дел за Манасија.
5 До границата на Манасија, од исток до запад, тоа е еден дел за Ефрем.
6 До границата на Ефрем, од источ­ниот крај па сѐ до западниот, тоа е еден дел за Рувим.
7 До границата на Рувим, од исток до запад, тоа е еден дел за Јуда.
8 А до границата на Јуда, од исток до запад, е свештениот дел, широк дваесет и пет илјади лакти и долг колку што се и другите делови, од исток па сѐ до запад. Во средината негова нека биде светилиштето.
9 Делот што е посветен за Господ ќе биде долг дваесет и пет илјади лакти, а широк десет илјади.
10 И тој свештен дел треба да им припаѓа на свештениците, кој е од се­верната страна долг дваесет и пет илјади лакти, а откај морето широк десет ил­јади, и откај исток широк десет ил­јади, а откај југ долг ќе биде дваесет и пет илјади, додека спроти него нека би­де поставено светилиштето на Господ.
11 Дајте им го тоа на свештениците од синовите на Садок, што Ми служеа верно, кога отстапуваа синовите Израе­лови, но тие не отстапија од Мене, како што отстапија другите левити.
12 Ним ќе им припадне тој дел од светата земја, Светињата над светињите во пределот на левитите.
13 И левитите ќе добијат во свеште­ничкиот дел дваесет и пет илјади лакти надолж и десет илјади нашир; целата должина ќе е дваесет и пет илјади лак­ти, и ширина десет илјади.
14 Од тој дел тие не можат ни да продаваат, ниту да сменуваат; и првините од земјата не можат да ги пренесуваат на други, зашто тоа е светиња Госпо­дова.
15 А другите пет илјади лакти во ширина од дваесет и пет илјади и во должина пет илјади, ќе се определат за општа употреба на градот, за населби и за предградија; градот ќе биде во средината.
16 А еве ги мерките од северната страна четири илјади и петстотини лакти, од јужната четири илјади и петстотини, од источната четири илјади и петстотини и од западната страна че­тири илјади и петстотини.
17 Предградието, пак, на градот ќе биде двесте и педесет лакти од север, двесте и педесет од исток, двесте и пе­десет од југ и двесте и педесет од запад.
18 А она што ќе преостане од дол­жината спроти свештениот дел десет илјади спрема исток и десет илјади спрема запад, спроти свештениот дел, ќе биде земја, чии производи ќе служат за исхрана на службениците во градот.
19 Во градот ќе можат да работат работници од сите Израелови племиња.
20 Одвоениот дел од дваесет и пет илјади лакти во должина и дваесет илјади во ширина, четириаголен, определете го како свештен дел, вклучува­јќи ги во него и владенијата на градот.
21 А сѐ што ќе остане, да биде за кнезот. Како откај свештениот дел, така исто и откај владенијата на градот, спроти дваесет и петте илјади лакти до источната граница, на делот, и на запад спроти дваесет и петте илјади лакти на западната граница, сразмерно со сите делови е делот на кнезот, така што свештениот дел и светилиштето да бидат во средината негова.
22 А она што ќе остане од левитските владенија и од владенијата на градот во средината, ќе му припадне исто така на кнезот: меѓу границата на Јуда и меѓу границата на Венијамин.
23 Остатокот, пак, од колената, од ис­точниот крај до западниот е еден дел за Венијамин.
24 До границата на Венијамин, од исток до запад, ќе биде еден дел за Симеон.
25 До границата на Симеон, од исток па до запад, тоа ќе биде еден дел за Исахар.
26 До границата на Исахар, од источ­ниот крај па до западниот, ќе е еден дел за Завулон.
27 До границата на Завулон, од исток па до запад, еден дел за Гад.
28 А до границата на Гад, од јужната страна, се протега јужниот крај од Та­мара до водите на Мерива во Кадис, по должината на потокот сѐ до Големото Море.
29 Ете, тоа е земјата што со ждрепка ќе ја разделите меѓу Израеловите пле­миња, и тоа се деловите, вели Господ Бог.
30 А ова се излезите на градот: од северната страна четири илјади и петстотини мерки,
31 и портите на градот се именувани со имињата на племињата Израелови: од северната страна три порти Руви­мова, Јудина, Левиева.
32 И од источната страна четири ил­јади и петстотини лакти, со три порти Јосифова, Венијаминова, Данова.
33 И од јужната страна четири илјади и петстотини лакти, со три порти: Симеонова, Исахарова и Завулонова.
34 Од страната на морето, пак, че­тири илјади и петстотини мерки, и три порти: Гадова, Асирова и Нефтали­мова.
35 А обемот наоколу ќе изнесува осумнаесет илјади лакти. И градот од тој ден ќе се именува: „Господ е таму.“