Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 42

:
Macedonian - 2006
1 И ме изведе од надворешниот двор по северниот пат и ме доведе кај собите, што беа кон рамнината и кон зградата од север,
2 до она место, кое кај северната врата е долго сто лакти, а широко педесет лак­ти.
3 Кон дваесетте лакти на внатреш­ниот двор и спроти плочникот, што е откај надворешниот двор, трем спроти трем на три ката.
4 А пред собите имаше ходник десет лакти широк, а внатре по еден лакот; вратите негови беа свртени кон север.
5 Горните соби беа потесни, зашто тремовите одземаа од нив спротивно на долните соби од зградата, кои беа поши­роки.
6 Собите беа на три ката, а немаше такви столбови какви што имаше во дворовите, затоа тие и се направени по­тесни, спротивно на долните и средните соби, почнувајќи од подот.
7 А надворешниот ѕид спрема тие со­би од надворешниот двор, кој ја поврзува предната страна на собите, е долг педесет лакти;
8 зашто и собите на надворешниот двор имаат должина само педесет лак­ти, и така пред храмот сто лакти.
9 А долу имаше ходник кон тие соби од источната страна, кога се доаѓа кај нив од надворешниот двор.
10 По ширината на ѕидот до дворот кон исток пред плоштадот и пред зградата имаше соби.
11 А ходникот пред нив беше исто таков како и пред оние соби што се свр­тени кон север, со иста таква должина како и кај нив, и исто таква ширина; и сите излези нивни и изработката нивна и вратите нивни беа исто такви како и кај другите.
12 Имаше исти врати какви што беа и кај собите од јужната страна; и за влез во нив имаше врати кај патеката, која водеше надолж по источниот ѕид.
13 И ми рече тој: северните соби и јужните соби, што се наоѓаат пред плоштадот, се свети соби, во кои свеш­тениците, што Му се приближуваат на Господ, ги јадат најсветите жртви; само таму ги ставаат најсветите жртви и лебниот принос, жртвите за грев и жртвите за престап, зашто тоа е свето место.
14 Кога влегуваат таму свештениците, тие не треба да излезат од тоа свето место во надворешниот двор, сѐ додека таму не ги остават своите облеки, со кои служеле, зашто тие се свештени облеки; треба да облечат други облеки, и тогаш да излезат пред народот.
15 Кога го заврши тој мерењето на внатрешниот храм, ме изведе пред вра­тите, свртени кон исток, и почна да мери наоколу.
16 Ја измери источната страна со мерната трска, измери со неа петстотини трски;
17 На северната страна со истата мерна трска измери вкупно петстотини трски.
18 На јужната страна со мерната трска измери исто така петстотини трски.
19 И кога се заврте спрема западната страна со мерната трска, измери исто така петстотини трски.
20 Од сите четири страни тој го измери; околу него имаше ѕид долг петстотини трски и петстотини трски широк, за да го одделува светото место од несветото.