Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 4

:
Macedonian - 2006
1 „А ти, сине човечки, земи една тула и стави ја пред себе и нацртај го на неа Ерусалим;
2 и постави опсада околу него, напра­ви тврдина кон него, направи и насипи околу него, постави логор против него и нареди наоколу спроти него машини за уривање ѕидови.
3 Потоа земи железна плоча и поста­ви ја како железен ѕид меѓу себе и градот, па сврти го лицето свое спроти градот и тој ќе биде опседнат, опседнувај го ти. И тоа ќе биде знак за домот Израелов.
4 Ти, пак, легни на својата лева страна и стави го врз неа беззаконието на домот Израелов; според бројот на де­новите, сто и педесет во кои ќе лежиш врз неа, толку ќе го носиш беззаконието нивно.
5 А Јас ти ги определив годините на беззаконието нивно според бројот на деновите; триста и деведесет денови ќе го носиш беззаконието на домот Израелов.
6 И кога ќе ги исполниш, повторно легни, но сега на својата десна страна и четириесет денови носи го беззаконието на домот Јудин, ден за година, ден за година ти определив.
7 Па сврти го лицето свое и мишката на својата десна страна кон опсадениот Ерусалим, и пророкувај против него.
8 Ете, Јас поставив врз тебе окови, и ти не ќе можеш да се свртиш од едната страна на другата, додека не ги исполниш деновите на твојата опсада.
9 Земи си пченица и јачмен, боб и леќа, просо и 'рж, и сипи ги во еден сад и направи си од нив лебови, според бројот на деновите, кога ќе лежиш на страната своја, триста и деведесет де­нови ќе ги јадеш.
10 И јадењата, со кои ќе се храниш, јади ги со мерка, по дваесет шекели на ден; одвреме навреме јади го тоа.
11 И вода пиј со мерка, по шестина од ин; одвреме навреме пиј.
12 А ќе ги јадеш јачмените погачи и печи ги пред нивните очи на човечко ѓубре.“
13 И рече Господ: „Израеловите си­нови така ќе јадат нечист леб меѓу оние народи, кај кои ќе ги прогонам.“
14 Тогаш реков: „О, Господи Боже, ду­шата моја никогаш не се осквернила и од младоста моја па сѐ досега никогаш не сум јал мрша и раскинато од ѕверка; и никакво нечисто месо не влегло во устата моја.“
15 И ми рече Тој: „Ти дозволувам мес­то човечко ѓубре, земи говедско ѓубре, и на него печи го лебот свој.“
16 И пак ми рече: „Сине човечки, еве во Ерусалим Јас ќе ги скусам резервите на леб, и ќе јадат леб со мерка и во жа­лост, и вода ќе пијат со мерка и во тага,
17 зашто кај нив ќе снема леб и вода, и тие со ужас ќе се гледаат еден со друг и ќе умираат во беззаконието свое.“