Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 3

:
Macedonian - 2006
1 И ми рече: „Сине човечки, изеди го тоа што е пред тебе, изеди го овој свиток, па оди и зборувај му на Израел.“
2 Тогаш ја отворив устата и Тој ми го даде свитокот за да го изедам.
3 Потоа ми рече: „Сине човечки: устата твоја ќе го изеде овој свиток и утробата твоја ќе се насити со овој свиток, што ти го давам Јас.“ И јас го изедов, а во устата почувствував сладост како мед.
4 И пак ми рече: „Сине човечки, стани и појди во домот Израелов и кажи им ги Моиве зборови,
5 зашто те праќам не кај народ непознат и со неразбирлив јазик, туку во домот Израелов,
6 не кај народ со неразбран збор и непоимлив јазик, чии зборови не мо­жеш да ги разбереш; но дури и кај нив да бев те пратил, и тие ќе те разбереа;
7 а домот Израелов не ќе сака да те слуша, тие не сакаат Мене да ме слу­шаат, бидејќи сиот дом Израелов е тврдоглав и со жестоко срце.
8 И, ете, Јас го направив и твоето лице тврдо како нивните лица, и твоето чело ќе го стврднам против нив.
9 Челото твое го направив како дијамант, кој е потврд од каменот; не бој се од нив и не плаши се од нивното лице, зашто тие се дом отстапнички.“
10 И ми рече: „Сине човечки, сите збо­рови Мои што ти ги кажувам, прими ги во срцето свое и слушај ги со ушите свои;
11 стани, па оди кај изгонетите, кај синовите на твојот народ, зборувај им и кажи им вака вели Господ Бог па по­слушале тие, или не.“
12 И Духот ме подигна; а зад себе чув голем грмотевичен глас: „Благосло­вена е славата на Господ од местото Не­гово!“
13 А слушнав и шум од крилјата на оние животни, што се допираа едно до друго, како и шум од тркалата нивни, како и звук од силен гром.
14 Тогаш Духот ме подигна и ме понесе. И појдов огорчен, со нажален дух; но крепката рака Господова беше над мене.
15 И дојдов при робовите во Тел-Авив, кај оние кои живееја покрај реката Кевар, и се задржав таму и по­минав кај нив седум дена, чудејќи се.
16 А кога заминаа седумте дена, дојде до мене слово Господово:
17 „Сине човечки, Јас те поставив за стражар над домот Израелов, и ти ќе го слушаш словото од устата Моја, и ќе ги опоменуваш во Мое име.
18 Кога ќе му речам на беззаконикот: ‚Бездруго ќе умреш!‘, а ти не го опо­менеш и не зборуваш, за да го одвратиш беззаконикот од неговиот грешен пат, за да биде жив, тогаш тој беззаконик ќе умре во беззаконието свое, но крвта негова Јас ќе ја барам од рацете твои.
19 А, ако го опоменеш беззаконикот и тој не се откаже од беззаконието свое и од грешниот свој пат, беззаконикот ќе умре во беззаконието свое, а ти ќе си ја спасиш душата своја.
20 И, ако праведник отстапи од правдата своја и постапи грешнички, кога Јас ќе му ставам сопка, и умре, ако не си го предупредил, тој ќе умре поради гревот свој, и нема да му се примаат праведните дела, што ги направил; но крвта негова ќе ја барам од твоите раце.
21 Ако го опоменеш праведникот, за да не греши, и тој не греши, тогаш и тој ќе биде жив, затоа што си го преду­п­редил и ти ќе си ја спасиш душата своја.“
22 И беше таму врз мене пак раката Господова, и Тој ми рече: „Стани и из­лези во полето; Јас ќе зборувам таму со тебе.“
23 Станав, и излегов во полето, и ете, таму беше славата Господова, како славата, што ја видов при реката Кевар; и паднав ничкум.
24 И влезе во мене Духот и ме исправи на нозе, и Тој говореше со мене и ми рече: „Оди и затвори се во домот твој.
25 Сине човечки, ете, ќе ти стават вериги, и ќе те врзат во нив, и не ќе можеш да излегуваш меѓу нив.
26 А јас ќе ти го залепам јазикот твој за непцето, и ти ќе онемееш, и не ќе можеш да ги укоруваш, зашто тие се дом отстапнички.
27 А кога Јас ќе зборувам со тебе, тогаш ќе ти ја отворам устата твоја и ти ќе им зборуваш: вака вели Господ Бог! Кој сака да слуша, нека слуша; а кој не сака да слуша нека не слуша; зашто тие се дом отстапнички.“