Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 15

:
Macedonian - 2006
1 И дојде слово Господово до мене:
2 „Сине човечки, какво предимство има дрвото од лоза пред секое друго дрво, и прачките од лозата пред гран­ките од дрвјата во гората?
3 Зар се зема од него парче за некаква изработка? Земаат ли од него барем некаков клин, за да закачат на него не­која работа?
4 Ете, го фрлаат во оган за да изгори; двата краја огнот му ги подгорува, па му ја изгорува и средината; може ли да стане од него нешто за некаква изра­ботка?
5 И кога би било цело, не станува збор за некаква изработка; а уште помалку, кога огнот ќе го подгори и го обгори, па ќе биде ли тоа за некаква изработка?
6 Затоа, вака вели Господ Бог: како што дрвото од лоза меѓу горските дрвја го предадов на оган за да изгори, така нему ќе му ги предадам и ерусалимските жители.
7 И ќе го свртам лицето Свое против нив, од еден оган ќе излезат и друг оган ќе ги проголта, па ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе го свртам лицето Свое против нив.
8 И ќе ја направам таа земја пустина, затоа што постапија неверно“, вели Господ Бог.