Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 11

:
Macedonian - 2006
1 Ме дигна духот и ме доведе пред источната врата на домот Госпо­дов, која гледаше кон исток. А таму пред влезот на вратата дваесет и пет човека, и меѓу нив го видов Јаазанија, синот Азуров, и Пелатјаху, синот Бена­јахуов, кнезовите народни.
2 И Тој ми рече: „Сине човечки, еве ги луѓето што на ум имаат да вршат беззаконија и кои даваат лош совет во овој град,
3 велејќи: ‚Уште е далеку; да си гра­диме домови; овој град е котел, а ние месо.‘
4 Затоа изречи против нив пророш­тво, пророкувај, сине човечки!“
5 И слезе врз мене Духот Господов и ми рече: „Кажи така вели Господ она што го зборувате вие, доме Израелов, и она што ви иде на ум, тоа Јас го знам.
6 Многумина убивте во тој град, и улиците негови се исполнија со тру­пови.“
7 Затоа, вака вели Господ Бог: „Убие­ните ваши, што ги оставивте среде него, се месо, а тој котел; но вас Јас ќе ве изведам од него.
8 Вие се плашите од меч, а Јас ќе испратам врз вас меч, вели Господ Бог.
9 И ќе ве изведам од него, ќе ве пре­дадам во рацете на туѓинци, и ќе из­вршам суд над вас.
10 Од меч ќе паднете; во пределите на Израел ќе ви судам, ќе познаете дека Јас сум Господ.
11 Тој нема да биде за вас котел, и вие нема да бидете во него месо; во пределите израелски ќе ви судам.
12 И ќе познаете дека Јас сум Господ; затоа што не ги извршувавте Моите наредби, туку одевте по законите на на­родите околу вас.“
13 И ете, кога пророкував, Пелатјаху, синот на Ванеја, умре. И паднав нич­кум, викав со силен глас и реков: „О, Господи Боже, зар сакаш докрај да го истребиш остатокот на Израел?“
14 И дојде слово Господово до мене:
15 „Сине човечки, на браќата твои, на твоите браќа, на твоите еднокрвни и на сиот израелски дом, оние што живеат во Ерусалим, им велат: ‚живејте далеку од Господ, оваа земја дадена ни е нам да ја владееме.‘“
16 Затоа кажи им: вака вели Господ Бог „Макар и да ги оддалечив меѓу народите и макар што ги распрснав по земјата, Јас за нив пак ќе бидам како светилиште во оние земји, каде што отидоа.“
17 Потоа кажи им, вака вели Господ Бог: „Јас ќе ве соберам откај народите и ќе ве вратам од земјите, во кои сте се растуриле; и ќе ви ја дадам земјата израелска.
18 И ќе дојдат таму, ќе ги исфрлат од неа сите гадотии и сите нечистотии.
19 И ќе им дадам едно срце, ќе вложам во нив нов дух, ќе го земам од телото нивно каменото срце и ќе им дадам меснато срце,
20 за да одат по Моите заповеди, да ги пазат Моите наредби и да ги извршу­ваат; и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе бидам пак нивни Бог.
21 А чие срце, се поведе по гадотиите нивни и нечистотиите нивни, нивните постапки ќе ги свртам врз нивните гла­ви“, вели Господ Бог.
22 Тогаш херувимите ги подигнаа крилјата свои, и тркалата беа до нив; и славата на Израеловиот Бог беше над нив одозгора.
23 И се крена славата Господова среде градот и застана над планината, што се наоѓа источно од градот.
24 И духот ме подигна и ме пренесе во видение, преку Духот Божји, во Хал­деја, кај изгнаниците. И видението, што го имав, избега од мене.
25 И јас им ги пренесов на изгнаниците сите зборови Господови, што ми ги откри Тој.