Exodus 182006

1А Јотор, свештеникот мидјан­ски, тестот Мојсеев, чу за сѐ што направи Бог за Мојсеј и за Израел, на­родот Свој, како го изведе Господ народот израелски од Египет.

2И ја зеде Јотор, тестот Мојсеев, Ци­пора, жената Мојсеева, која пред тоа се беше вратила,

3и двата сина нејзини: на едниот името му беше Герешом, бидејќи Мојсеј велеше: „Доселеник сум во туѓа земја“,

4а на вториот името му беше Елиезер, бидејќи рече: „Бог на таткото мој ми се најде на помош и ме избави од мечот на фараонот.“

5И Јотор, тестот Мојсеев, дојде со синовите негови и со жената негова кај Мојсеј во пустината, каде што тој се беше улогорил на планината Божја,

6па го извести Мојсеј, велејќи: „Ете, јас, тестот твој Јотор, доаѓам кај тебе, и жената твоја, и обата сина нејзини со неа.“

7И Мојсеј му излезе во пресрет на тестот свој и му се поклони, и го бакна; па откако се поздравија еден со друг, влегоа во шаторот.

8И му раскажа Мојсеј на тестот свој за сѐ што направи Господ со фараонот и со Египќаните поради Израелците, и за сите тешкотии што ги снајдуваа патем, и како Господ ги избави.

9И се зарадува Јотор за сите добрини што му ги направи Господ на Израел, спасувајќи го од рацете на Египќаните.

10Тогаш Јотор рече: „Нека е бла­го­словен Господ, Кој ве избави од рацете египетски и од рацете фараонови и Кој го избави народот од власта на Егип­ќаните!

11Сега знам дека Господ е поголем од сите богови, бидејќи го избави народот од египетското ропство, кога тие пос­тапуваа многу сурово со него.“

12Потоа Јотор, тестот Мојсеев, Му принесе на Бога сепаленица и други жртви. Тогаш дојде и Арон, и сите ста­ре­шини израелски да јадат леб со тестот Мојсеев пред Бога.

13А утредента седна Мојсеј да му суди на народот; и сиот народ стоеше пред Мојсеј од утрото до вечерта.

14И тестот Мојсеев, гледајќи сѐ што тој прави со народот, рече: „Што пра­виш така со народот? Зошто само ти седиш, а сиот народ стои пред тебе од утро до вечер?“

15А Мојсеј му одговори на тестот свој: „Народот доаѓа кај мене за да бара совет од Бога.

16Кога ќе им се случи некоја работа, тие доаѓаат при мене, и јас пресудувам помеѓу нив и им ги кажувам наредбите Божји и законот Негов.“

17Но тестот Мојсеев му рече: „Не го правиш тоа добро.

18Ќе се измориш и ти и сиот народ, кој е со тебе; бидејќи таа работа е многу тешка за тебе; ти сам не можеш да ја извршуваш.

19Туку послушај ме сега и ќе те посоветувам, и Бог ќе биде со тебе; ти биди посредник пред Бога за народот, и работите нивни соопштувај Му ги на Бога:

20Учи ги на наредбите Божји и на законот Негов, и покажувај им го патот Негов, по кој треба да одат и делата што треба да ги вршат.

21А ти од сиот народ одбери способни луѓе, кои имаат страхопочит кон Бога; луѓе справедливи, кои мразат користољубие, па постави ги над нив како ил­јадници, стотници, педесетници, и десетари.

22Тие нека му судат на народот во секое време и да те известуваат за секое потешко дело; а за сите мали работи тие самите нека пресудат. Така ќе ти биде полесно и тие тебе ќе ти помагаат.

23Ако го направиш тоа, и Бог ти го одобри тоа, тогаш ќе можеш да ис­траеш, и сиот тој народ ќе си оди мирно во своето место.“

24И го послуша Мојсеј тестот свој, и направи сѐ, како што му рече.

25И избра Мојсеј од сиот Израел спо­собни луѓе, па ги постави за началници пред народот: илјадници, стотници, пе­десетници и десетари.

26И тие му судеа на народот во секое време, а за тешките дела му кажуваа на Мојсеј; за сите мали работи, пак, судеа сами.

27Потоа го пушти Мојсеј тестот свој, и тој си отиде во својата земја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Exodus 18.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.