Esther 82006

1Во тој ден царот Ксеркс ѝ го даде на царицата Естира домот на Аман, непријателот на Јудејците; а Мардохеј влезе пред лицето на царот, зашто Естира беше соопштила што ѝ е тој.

2И царот го извади прстенот свој што го беше одзел од Аман, и му го даде на Мардохеј; а Естира го постави Мар­дохеј за надзорник на Амановиот дом.

3И Естира говореше уште пред ца­рот, падна пред нозете негови, плачеше и го молеше да ја измени злобата на Вугеецот Аман и плано­вите негови што беше ги скроил против Јудејците.

4Царот го подаде кон Естира златниот жезол; Естира стана и застана пред лицето на царот,

5па му рече: „Ако му е на царот угодно, ако сум нашла милост пред неговото лице, а тоа дело биде спра­ведливо пред лицето на царот, нека се напише да се вратат писмата според замислата на Вугеецот Аман, син Амадатов, кој беше напишал за по­губувањето на Јудејците во сите царски области;

6зашто, како би можела да ја гледам неволјата што ќе го снајде мојот народ, и како би можела да го гледам загинувањето на моите сродници?“

7Тогаш царот Ксеркс им рече на ца­рицата Естира и на Јудеецот Мар­дохеј: „Еве, јас ѝ го дадов на Естира домот на Аман, и самиот него го обесив на бесилка, поради тоа што беше кренал рака на Јудејците;

8напишете и вие за Јудејците, она што ви е угодно, од името на царот и потврдете го со печат од царскиот прстен, зашто писмо, напишано од името на царот и потврдено со печат од царски прстен, не може да се измени.“

9Веднаш беа повикани царските пи­сари во третиот месец, односно, во месецот сиван, на дваесет и третиот ден, и беше напишано сѐ онака, како што заповеда Мардохеј, до Јудејците и до сатрапите, до обласните намесници, до управниците на областите од Индија до Етиопија — сто дваесет и седум об­ласти на секоја област со нејзиното писмо и до секој народ на неговиот јазик и до Јудејците со нивните писма и на нивни јазик.

10И беа напишани писма од името на царот Ксеркс, ги запечати со царскиот прстен и им ги испрати по брзоодци на коњи, на камили и на царски мулиња,

11дека царот им дозволува на Јудеј­ците што се наоѓаат во секој град да се соберат и да го заштитат својот живот, да ги истребат, убијат и погубат сите силни во народот и во областа, кои постапуваат непријателски спрема нив и нивните деца и жени, а имотот нивни да го разграбаат,

12во еден ден по сите области на царот Ксеркс, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно, во месе­цот адар.

13Препис од таа повелба да се ис­прати до секоја област, како закон, обја­вен за сите народи, та Јудејците да би­дат готови за тој ден да им се одмаздат на непријателите свои.

14Брзоодците, јавнати на брзи царски коњи, тргнаа скоро и брзаа со царската заповед. Повелбата беше објавена и во престолнината Суза.

15Тогаш Мардохеј излезе откај царот во царски сини и бели алишта, со голем златен венец и во ленена и пурпурна облека. Градот Суза се развесели и се зарадува.

16Кај Јудејците тогаш настана ден на светлина и радост, веселба и свеченост.

17И во секоја област, во секој град и секое место, каде што ќе стигнеше заповедта на царот и неговата повелба, настануваше радост, веселба, гозба и празник за Јудејците. И мнозина луѓе од народите во земјата станаа Јудејци, зашто ги беше обзел страв од Јудејците.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Esther 8.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.