Esther 72006

1И дојде царот со Аман на гозбата кај царицата Естира.

2Царот ја запраша Естира исто така и во тој втор ден за време на гоштева­њето: „Која е твојата желба, царице Естира? Таа ќе биде исполнета; и која е молбата твоја? Макар и за половина од царството, таа ќе биде исполнета.“

3Царицата Естира одговори и рече: „Ако сум нашла милост во твоите очи, царе, и ако на царот му е угодно, нека ми бидат подарени мојот живот, по моја желба, и мојот народ, по моја молба!

4Зашто јас и мојот народ сме продадени да бидеме истребени, убиени и загинати. Да бевме продадени како робови и робинки, јас ќе молчев, макар непријателот и да не ја надомести ште­тата на царот.“

5Проговори царот Ксеркс и ја праша царицата Естира: „Кој е тој и каде е тој, кој се осмелил во своето срце да пос­тапи така?“

6Естира му одговори: „Непријате­лот е овој злобен Аман!“ И Аман затрепери пред царот и царицата.

7И во гневот свој царот стана од гозбата и отиде во градината на дворецот; Аман, пак, остана да ја моли за животот свој царицата Естира, зашто виде дека од царот го чека зло.

8Кога царот се врати од градината кај дворецот во домот на гозбата, Аман се беше наведнал кон леглото, на кое седеше Естира. И царот рече: „Сака дури и да ја обесчести царицата во куќата моја!“ Излезе зборот од устата на царот, — му го покрија лицето на Аман.

9И рече Харвона, еден од царските слуги: „Еве ја бесилката што ја беше приготвил Аман за Мардохеј, кој го­вореше добро за царот, стои во домот на Аман, висока е педесет лакти.“ И царот рече: „Обесете го на неа!“

10И го обесија Аман на бесилката што тој ја беше направил за Мардохеј. Тогаш гневот на царот стивна.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Esther 7.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.