1Потоа царот Ксеркс ѝ наметна данок на земјата и на морските острови.
2Сите дела на силата негова и моќта негова и подробниот приказ за големината на Мардохеј, со која царот ги возвеличи, се запишани во книгата за дневни белешки на мидиските и персиските цареви,
3како и тоа дека Јудеецот Мардохеј беше втор по царот Ксеркс, велик кај Јудејците и љубен од многу свои браќа, зашто му го мислеше доброто на својот народ и говореше за доброто на целото свое племе.