Ephesians 32006

1Затоа сум јас, Павле, затвореник на Исус Христос за вас незнабошците.

2Бидејќи ја чувте распределбата на благодатта Божја, која ми е дадена за вас,

3односно дека преку откровение Бог ми ја соопшти тајната, како што и по­го­ре ви напишав накратко.

4Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христос,

5која, на синовите човечки од по­ра­нешните поколенија не им беше објавена како што сега се откри на Неговите свети апостоли и пророци преку Светиот Дух,

6за да бидат и незнабошците сонас­ледници, делови на едно тело, и соучесници на ветувањето Божјо во Христос Исус преку Евангелието,

7на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила.

8Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде — да им го про­по­ве­дам на незнабошците неискажливото богатство Христово,

9и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,

10та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на на­чалствата и властите небесни,

11според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Гос­под,

12во Кого, преку верата во Него, има­ме слобода да се доближуваме со доверба.

13Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.

14Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,

15од Кого се именува секој род на не­бесата и на земјата,

16да ви даде, по богатството на Сво­ја­та слава, сила да се утврдите преку Не­говиот Дух во внатрешниот човек,

17и преку верата Христос да се всели во срцата ваши,

18та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што е дла­бо­чина и височина,

19и да ја осознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја.

20А на Оној Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сѐ што ќе побараме или помисли­ме,

21Нему нека е слава во Црквата пре­ку Исус Христос во сите родови и за си­те векови. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Ephesians 3.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.