Ephesians 12006

1Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, до светиите што се во Ефес, и до верните во Исус Христос:

2благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и Господ Исус Христос!

3Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков духовен бла­гос­лов од небесата во Христос,

4така што и нѐ избра преку Него, уш­те пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта,

5предопределувајќи нѐ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја,

6за да биде фалена славата на Него­вата благодат, со која нѐ дарува преку Својот Возљубен Син,

7во Кого имаме откуп преку Не­го­ва­та крв, простување на гревовите по бо­гат­ството на Неговата благодат.

8Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум,

9откако ни ја откри тајната на Сво­ја­та волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано

10во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава — во Христос.

11Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени спо­ред одлуката на Оној Кој врши сѐ спо­ред волјата Своја,

12за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос.

13Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината — Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ве­тениот Свети Дух.

14Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.

15Ете, затоа и јас, кога слушнав за ва­шата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии,

16постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои,

17та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете,

18и да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите,

19и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме пре­ку дејството на Неговата крепка сила.

20Таа сила Тој ја покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го пос­тави од Својата десна страна на небесата,

21повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот,

22и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата,

23која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Ephesians 1.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.