Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Deuteronomy 6

:
Macedonian - 2006
1 Ова се заповедите, наредбите и законите, на кои заповеда Господ, Бог ваш, да ве научам, како да постапувате во онаа земја, во која одите да ја наследите:
2 да се плашиш од Господ, твојот Бог, и сите Негови наредби и заповеди Негови, што ти ги кажувам, да ги пазиш ти и синовите твои и внуците твои во сите денови на животот твој, за да живееш долго.
3 И така, чуј Израеле, и потруди се да го исполнуваш тоа, за да ти биде добро, и да се намножите многу многу, како што Господ, Бог на татковците ваши, им беше рекол дека тебе ќе ти даде земја, каде што тече мед и млеко.
4 Послушај, Израеле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ,
5 сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!
6 Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во твоето срце;
7 и пренесувај им ги на децата свои и зборувај за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш;
8 и врзи ги на раката своја како знак, и нека ти бидат ознака над очите твои,
9 и напишете ги врз надвратникот од вашите куќи и на вашите градски пор­ти.
10 Кога, пак, ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја, за која Тој им се заколна на предците твои Авраам, Исак и Јаков, да ти ја даде со големи и убави градови, што ти не си ги градел,
11 и со куќи, полни со секое добро, со кое ти не си ги наполнил, и со кладенци ископани, што ти не си ги копал, со лозја и маслини, кои ти не си ги садел, па ќе јадеш и ќе се наситуваш!
12 Тогаш пази да не Го заборавиш Господа, Кој те изведе од египетската земја, од домот на ропството.
13 Плаши се од Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му, и во Негово име колни се!
14 Не одете по други богови богови на оние народи, што ќе бидат околу вас;
15 зашто Господ, твојот Бог, Кој е помеѓу вас, е Бог ревнител; за да не се разгори гневот на Господ, твојот Бог, против тебе, и да не те истреби Тој од лицето на земјата.
16 Не искушувајте Го Господа, вашиот Бог, како што Го искушувавте во Маса.
17 Пазете ги цврсто заповедите на Господ, вашиот Бог, и законите Негови и наредбите, што Тој ти ги заповеда;
18 и вршете го она што е право и добро пред очите на Господ, за да ти биде добро и да влезеш и да ја освоиш добрата земја, која Господ со клетва им ја вети на предците ваши,
19 и да ги изгони сите твои непријатели од пред тебе, како што велеше Господ.
20 Ако еден ден синот твој те запраша, велејќи: „Што значат тие заповеди, на­редби и закони, што ви ги заповедал Господ, вашиот Бог?“
21 Кажи му тогаш на синот твој: „Ние бевме робови на фараонот во Египет, но Господ нѐ изведе од Египет со незапирлива сила,
22 и покажа Господ знаменија и големи чуда, и поразии против Египет про­тив фараонот и против целиот негов дом,
23 и нас нѐ изведе оттаму, за да нѐ воведе во оваа земја, за која им се заколнал на нашите предци дека ќе ни ја даде.
24 И ни заповеда Господ да ги исполнуваме сите тие наредби, да се плашиме од Господ, нашиот Бог, за да ни биде добро во сите денови, и да останеме живи, како што сме денес.
25 И во тоа ќе биде нашата праведност, ако се трудиме да ги извршуваме сите тие заповеди на законот пред Гос­под, нашиот Бог, како што ни заповеда Тој.“