Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Colossians 1

:
Macedonian - 2006
1 Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, и братот Тимотеј,
2 до светиите и верните браќа во Исус Христос што се во Колоси: благодат вам и мир од Бога нашиот Отец и Гос­под Христос!
3 Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас,
4 бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за љубовта ваша, ко­ја ја имате кон сите светии,
5 поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слуш­на­ле од словото на вистината Еванге­ли­ето,
6 кое е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината;
7 како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е ве­рен служител Христов заради вас,
8 и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.
9 Затоа и ние, од оној ден кога го чув­ме тоа, непрестано се молиме и сакаме да се исполните со познание на Него­ва­та волја во секоја мудрост и духовно разбирање,
10 та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога,
11 укрепувајќи се со секаква сила пре­ку Неговата славна моќ за секаква тр­пеливост и великодушност со радост,
12 благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината,
13 нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот воз­љу­бен Син,
14 во Кого имаме откуп; и простува­ње на гревовите.
15 Тој е слика на невидливиот Бог, пр­вороден пред секое создание;
16 бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти сѐ е преку Него и за Него создадено.
17 Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.
18 И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.
19 Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,
20 и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.
21 И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помислите кон лоши дела,
22 сега ве примири во телото на Не­го­вото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непороч­ни и без вина,
23 само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чув­те, кое е проповедано на секое подне­бес­но создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.
24 Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во моето тело за телото Негово, кое е Црквата.
25 Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,
26 тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,
27 на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас.
28 Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос;
29 затоа се трудам и се борам. Зашто Неговата сила со голема моќ дејствува во мене.