1Вака вели Господ: за трите престапи на Моав, и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги изгоре коските на царот едомски во вар.
2Па ќе пратам оган врз Моав, и тој ќе ги проголта дворците на Кериот, и ќе загине Моав во метеж со викотница, при трубен звук.
3И ќе го истребам владетелот негов и ќе ги убијам сите кнезови негови заедно со него, вели Господ.
4Така вели Господ: за трите престапи на Јуда и за четири нема да го поштедам, заради тоа што го отфрлија законот на Господ и наредбите Негови не ги запазија; и идолите, по кои одеа татковците нивни, ги заведоа.
5И ќе испратам оган врз Јуда, и тој ќе ги проголта дворците ерусалимски.
6Така вели Господ: за трите престапи на Израел и за четири нема да го поштедам, бидејќи тие продаваат праведник за пари, и сиромав за чифт сандали.
7Газат врз главите на сиромасите, и ги туркаат сиротите од патот; дури татко и син одеа при иста жена, за да го бесчестат Моето свето име.
8При секој жртвеник лежат врз облеки, земени во залог, и вино изнудено од обвинети, пијат во домот на својот Бог.
9Но Јас ги истребив пред нив Аморејците, чија височина беше како височината на кедар, и кој беше јак како даб; Јас го уништив и плодот негов горе, а и коренот негов долу.
10Вас, пак, ве изведов од земјата египетска и ве водев по пустината четириесет години, за да ја наследите земјата аморејска.
11Од синовите ваши избирав луѓе за пророци и од младинците ваши — за назири; зар не е така синови израелски? — вели Господ.
12А вие ги поевте назирите со вино и на пророците им заповедавте: не пророкувајте.
13Еве, Јас ќе ве притегнам, како што се стега кола, натоварена со снопја,
14и брзиот не ќе има сила за бегање, ни јакиот да издржи и храбриот да го спаси животот свој.
15Ни стрелец нема да се додржи, ниту брзиот ќе избега, ниту пак оној на коњ ќе го спаси животот свој.
16И најхрабриот од храбрите во оној ден ќе избега гол, вели Господ.