Acts 282006

1И тогаш, откако се спасивме, дознавме дека островот се вика Мелит.

2А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, би­дејќи врнеше дожд, беше студено, та накладоа оган.

3А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака.

4Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.“

5Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.

6А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, би­дејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го проме­нија мислењето и велеа дека е тој бог.

7Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поп­лиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше.

8А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се по­моли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели.

9Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се исцелуваа.

10Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред заминување нѐ снабдија со сите потребни рабо­ти.

11По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше презимил на тој остров и носеше знак Диос­ку­ри.

12И стигнавме во Сиракуза, каде што останавме три дена.

13Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот и на идниот ден стасавме во Потиоли;

14таму најдовме браќа, по чија молба кај нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим.

15Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до Апиевиот плоштад и до Трите крчми. Кога ги ви­де Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.

16Штом стигнавме во Рим, на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.

17По три дни Павле ги повика првен­ците јудејски и кога се собраа, тој им зборуваше: „Мажи браќа, иако не на­правив ништо против народот или тат­ковските обичаи, од Ерусалим ме пре­дадоа окован во рацете на Римјаните.

18И, откако ме судеа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт;

19но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред царот; но не за тоа да го обвинувам во нешто својот народ.

20Поради тоа и ве повикав да се ви­ди­ме и да позборуваме; зашто заради на­дежта на Израел сум окован во овие ланци.“

21А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ни­ту, некој од браќата дошол да нѐ из­вести или нешто лошо да каже за тебе.

22Но ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи.“

23И откако му определија ден, големо мноштво дојде во неговото определено живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исус и од Законот Мојсеев и од Проро­ци­­те.

24Едни се убедија од зборовите него­ви, а други не поверуваа.

25Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да се разотидуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Духот Свети на тат­ковците ваши преку пророкот Исаија, велејќи:

26‚Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите,

27зашто срцето на овие луѓе закораве­ло, та со ушите мачно слушаат, а очите свои ги затвориле, па некако со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се об­ра­тат, за да ги исцелам.‘

28И така, нека ви биде познато дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците, тие и ќе чујат.“

29Кога го рече тоа, Јудејците се ра­зо­тидоа со голема препирка меѓу себе.

30Павле остана таму цели две години во посебно најмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа кај него,

31проповедајќи го царството Божјо и учејќи за Господ Исус Христос наполно слободно, и никој во тоа не го спречу­ва­ше.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Acts 28.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.