Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Acts 14

:
Macedonian - 2006
1 Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини по­веруваа.
2 А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на нез­набошците против браќата.
3 Но тие сепак останаа тука доста вре­ме и смело говореа за Господ, Кој све­дочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да станува­ат знаци и чуда.
4 А народот во градот се раздели: ед­ни беа со Јудејците, а други со апостолите.
5 И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат,
6 тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина.
7 Таму почнаа да го проповедаат Евангелието.
8 Во Листра седеше еден човек, не­мо­ќен во нозете. Тој бил сакат од мај­чи­ната утроба, не можел да оди никогаш.
9 Тој слушаше додека Павле зборува­ше; а Павле, го впери во него погледот и виде дека во него има вера дека може да оздрави,
10 па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господ Исус Хрис­тос: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди.
11 А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и изви­каа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“
12 И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот.
13 Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се на­оѓаше пред новиот град, откако доведе јунци и венци пред портата, сакаше за­едно со народот да принесе жртва.
14 Но апостолите Варнава и Павле, кога слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:
15 „Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви про­по­ве­да­ме да се обратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив;
16 Кој поранешните поколенија на на­родите ги остави да врват по нивните патишта,
17 иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.“
18 И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, (туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа),
19 од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само ла­жат), а кога го придобија народот, го ка­менуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.
20 Кога се собраа околу него уче­ни­ци­те, тој стана и се врати во градот. Утре­дента со Варнава заминаа за Дерва.
21 И, откако го проповедаа Еванге­ли­ето во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија.
22 Тие ги зацврстуваа душите на уче­ниците и, храбрејќи ги да бидат истрај­ни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки.
23 Па, откако им ракоположија свеш­теници за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господ, во Кого беа поверувале.
24 А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија;
25 и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија,
26 а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.
27 По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отворил вратата на верата и за незна­бош­ци­те.
28 И таму престојуваа подолго време со учениците.