1Свештеникот — до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината.
2Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.
3Многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина — односно како ти одиш во вистината.
4За мене нема поголема радост од тоа — да слушнам дека моите чеда одат во вистината.
5Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите.
6Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што треба.
7Бидејќи поради Неговото име тргнаа, не земајќи ништо од незнабошците.
8Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината.
9Јас напишав неколку збора до Црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас.
10Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е доволно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Црквата.
11Возљубени, не угледувајте се на злото, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бога.
12За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско.
13Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо,
14туку се надевам дека наскоро ќе те видам, и дека ќе позборуваме лице в лице.
15Мир за тебе! Те поздравуваат пријателите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!