2 Samuel 62006

1Давид пак собра избрани луѓе од Израел, триесет илјади.

2Па стана и тргна Давид и сиот народ што беше со него, од Ваал Ју­дин за да го пренесе оттаму Божјиот ковчег, над кој се повикува името на Господ Саваот, Кој седи на херувими.

3И го поставија Божјиот ковчег на нова кола и го изнесоа од Авинадаво­вата куќа, која беше на ридот. А синовите Авинадавови Оза и Ахио ја водеа новата кола.

4Ја поведоа со Божјиот ковчег од Авинадавовата куќа, која беше на ридот; и Ахио одеше пред ковчегот Господов.

5А Давид и сите синови Израелови свиреа пред Господ на различни свирки од кипарисово дрво, на гусли, на псал­тири, на тимпани, на цитри и на кимвали.

6И кога дојдоа до Нахоновото гумно, Оза посегна со раката кон Божјиот ков­чег и се фати за него, бидејќи воловите го беа наведнале.

7Но Господ се разгневи на Оза, и за дрскоста Бог го удри на истото место, и тој умре таму крај Божјиот ковчег.

8Давид се нажали поради тоа што Господ така го удри Оза. Тоа место и сега се нарекува Фарес Оза.

9Тој ден Давид се исплаши од Господ и рече: „Како ќе дојде кон мене ковчегот Господов?“

10И Давид не сакаше да го пренесе ковчегот Господов кај себе, во Давидо­виот град, и го остави во куќата на Аведар, кој потекнуваше од Гет.

11И остана ковчегот Господов во домот на Гетчанецот Аведар три ме­сеци; и Господ го благослови Аведар и сиот негов дом.

12Му јавија на цар Давид и му рекоа: „Господ го благослови домот на Аведар и сѐ што е во него, поради Божјиот ковчег“; Давид отиде и свечено го пренесе Божјиот ковчег од куќата на Аведар во Давидовиот град.

13И штотуку оние што го носеа ков­чегот Господов, изминаа шест чекори, тој принесе жртва едно јунче и еден овен.

14Давид играше со сета сила пред Господ, а беше облечен со ленен ефод.

15Така Давид и целиот Израелов дом го носеа ковчегот Господов со извици и звуци од труба.

16Кога ковчегот Господов влегуваше во Давидовиот град, Михала, Сауловата ќерка, гледаше од прозо­рецот нејзин и, откако го виде царот Давид како скока и игра пред Господ, го презре во срцето свое.

17Го донесоа ковчегот Господов и го поставија на местото негово среде скинијата, која Давид ја беше направил за него: и Давид принесе сепаленици пред Господ и жртви за помирување.

18Кога Давид заврши со принесувањето сепаленици и жртви за помирување, тој го благослови народот во името на Господ Саваот;

19и му раздаде на сиот народ, на целото множество Израелци, и на мажи и на жени, на секого по еден леб, по парче печено месо и по еден колач од суво грозје. Потоа сиот народ се разотиде, секој во куќата своја.

20Кога се врати Давид за да го благослови домот свој, Михала, Сауло­вата ќерка, излезе и му рече: „Колку се прослави денес царот Израелов, разголувајќи се пред очите на слугинките од слугите свои, како што се разголува прост човек.“

21А Давид ѝ одговори на Михала: „Пред Господ, Кој ме одбра мене наместо твојот татко и целиот негов дом, поставувајќи ме за водач на народот Господов — Израел; пред Господ ќе свирам и ќе играм;

22и уште повеќе ќе се понизам, и уште помал ќе станам во своите очи, и при сето тоа, пред слугинките, за кои говориш, јас ќе бидам славен.“

23А Михала, Сауловата ќерка, остана без рожба до денот на својата смрт.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Samuel 6.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.