2 Kings 222006

1Јошија беше на осум години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим триесет и една година; мајка му се викаше Једида, ќерка на Адаја, од Боцкат.

2Тој го правеше она што беше правилно пред очите на Господ, во сѐ одеше по патот на неговиот предок Давид и не се отклонуваше ни десно, ни лево.

3Кога беше на осумнаесет години, царот Јошија го испрати писарот Сафан, син на Ацалија, Мешуламовиот син, во домот на Господ, ве­лејќи:

4„Оди кај првосвештеникот Хелки­ја, нека го земе среброто донесено во до­мот на Господ што го собраа од чувари­те на портите,

5и нека го дадат во рацете на распоредниците, поставени кај храмот Господов, а тие да го потрошат за ра­ботниците во домот Господов за поп­равка на штетите во домот:

6на дрводелците, на каменоресците, на ѕидарите и за купување дрва и делкани камења за поправка на храмот;

7но да не се бара од нив сметка за среброто, предадено во рацете нивни, бидејќи тие постапуваат чесно.“

8И му кажа првосвештеникот Хел­кија на писарот Сафан: „Јас ја најдов во домот Господов книгата на законот.“ И Хелкија му ја подаде книгата на Сафан, и тој ја читаше.

9Дојде писарот Сафан кај царот и му донесе на царот одговор, велејќи: „Тво­ите слуги го зедоа среброто, најдено во домот, и го предадоа во рацете на распоредниците, поставени кај домот Господов.“

10Писарот Сафан му соопшти уште на царот и рече: „Една книга ми даде свештеникот Хелкија.“ И Сафан ја читаше пред царот.

11Кога царот ги чу зборовите од книгата на законот, ја раскина облеката своја.

12Тогаш царот заповеда на свеш­теникот Хелкија, на Ахикам, Сафа­нов син, на Ахбор, син на Михаја, на пи­сарот Сафан и на царскиот слуга Асаја, велејќи:

13„Одете, прашајте Го Господа за мене, за народот и за цела Јудеја во врска со зборовите на таа најдена книга, зашто голем е гневот Господов што се разгорел против нас, поради тоа што нашите татковци не ги послушаа зборо­вите на таа книга за да постапуваат според она што ни е заповедано во неа.“

14И отиде свештеникот Хелкија со Ахикам, Ахбор, Сафан и Асаја кај про­рочицата Хулда, жена на одеждо­чуварот Селум, син на Тиква, Хархасов син — а таа живееше во Ерусалим, во вториот дел, — и зборуваа со неа.

15А таа им рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов: ‚кажете му на човекот што ве испрати кај Мене:

16вака вели Господ: ќе испратам зло во тоа место и врз жителите негови — како што е напишано во книгата што ја прочита јудејскиот цар.

17Поради тоа што Ме оставија и кадат на други богови за да Ме предизвикуваат со сите работи на рацете свои, се разгневи гневот Мој против тоа место, и нема да угасне.‘

18А на јудејскиот цар што ве испра­тил да Го прашате Господа, кажете му: — вака вели Господ, Бог Израелов, за зборовите што ги чу:

19‚поради тоа што смекна срцето твое, и ти се смири пред Господ, откако го чу ова што Јас го изреков против тоа место и против жителите негови дека тие ќе бидат за ужас и проклетство, и ти ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, Јас те чув — вели Господ.

20Поради тоа, еве, Јас ќе те приберам кај татковците твои, и ќе бидеш ставен во гробницата своја во мир, и твоите очи нема да ги видат сите тие зла што ќе ги испратам во тоа место.‘“ И му донесоа на царот одговор.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Kings 22.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.