2 Chronicles 42006

1А направи и бакарен жртвеник: два­есет лакти долг, дваесет лакти широк и десет лакти висок.

2И направи излеано море — од едниот крај негов до другиот десет лакти — целиот круг, висок пет лакти, а наоколу при врвот — триесет лакти;

3наоколу под него од сите страни имаше излеано фигури воловски; на десет лакти наоколу морето го опколуваа два реда волови, излеани заедно со него.

4Тоа стоеше врз дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток, а морето врз нив одозгора: заднините пак им беа свртени навнатре.

5Дебелината му беше колку една дланка, а краиштата негови, напра­вени како краишта на чаша; прилегаа на расцутен крин. Тоа собираше три илјади бата.

6Направи и десет мијалници и по­стави пет десно и пет лево, за да мијат во нив — го миеја во нив приготвеното за сепалениците; а морето — за свеште­ниците, за да се мијат во него.

7Направи и десет златни светилници, какви што требаше да бидат, и ги по­стави во храмот — пет десно и пет лево.

8Направи и десет трпези и ги постави во храмот — пет десно и пет лево; напра­ви и сто златни чаши.

9Направи уште и свештенички двор, и голем двор, и врати кон дворот, и вра­тите им ги опкова со бакар.

10Морето го постави на десната стра­на, кон југоисток.

11И направи Хирам котли, лопатки, чаши, кадилници и сите жртвени садо­ви. И ја сврши Хирам работата, што ја правеше за царот Соломон во Божјиот дом:

12два столба и два појаса околу врво­вите врз столбовите и две мрежи, за да ги покриваат двата појаса околу капи­телите, што беа врз столбовите,

13и четиристотини нарови на двете мрежи — два реда нарови за секоја мре­жа, за да ги покриваат двата појаса око­лу врвовите врз столбовите.

14Направи и подножја, направи и мијалници над подножјата;

15едно море и дванаесет волови под него,

16и котли и лопатки, и виљушки; це­лиот тој прибор Хирам му го направи на царот Соломон за домот Господов од измазнет бакар.

17Царот ги излеа во глинена земја од околината на Јордан, меѓу Сукот и Цередата.

18Соломон ги направи сите тие предмети во големо множество, така што не се знаеше мерката на бакарот.

19Тогаш ги направи Соломон и сите други предмети за Божјиот дом: и зла­тен жртвеник, и трпези за приносните лебови,

20и светилници, и кандилата нивни, за да ги палат според уредбите пред Све­тињата над светињите — од чисто злато;

21и цвеќенца, и кандилца, и машички од злато, од најчисто злато,

22и ножеви, и котлиња, и чаши, и кадилници од најчисто злато; и храмо­вите порти — внатрешните пор­ти за Све­тињата над светињите, и храмовите порти за светилиштето — од злато.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 4.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.