2 Chronicles 32006

1И почна Соломон да го гради домот Господов во Ерусалим, на гората Морија, која му ја определи Господ на татко му Давид, на она место, што го беше подготвил Давид, врз гумното на Јевусиецот Орнан.

2А почна да го гради на вториот ден од вториот месец во четвртата година од своето царување.

3Основата, положена од Соломон при градењето на домот Божји, беше следна: должина шеесет лакти, по старата мерка, а широчина — дваесет лакти;

4а тремот пред домот беше долг колку ширината на домот — дваесет лак­ти, висок, пак, — сто и дваесет.

5А главниот дом го обложи со кипа­рисово дрво, го опкова со чисто злато и изработи на него палми и веришки.

6Го украси домот со скапоцени камења за да биде убав; а златото беше од Парваим.

7Го опкова со злато домот, гредите, праговите, ѕидовите негови, прозор­ците и вратите негови, а по ѕидовите изваја херувими;

8и ја направи двораната на Свети­њата над светињите: должината нејзина според широчината на домот — дваесет лакти, и широчината нејзина — дваесет лакти; и ја покри со шестотини кикари чисто злато.

9Тежината на клиновите беше: секој клин педесет шекели злато. И горните одаи ги опкова со злато.

10А во Светињата над светињите на­прави два херувима од дрво што не гние, резбарска работа, и ги опкова со злато.

11Крилјата на херувимите им беа во должина дваесет лакти: едното кри­ло, пет лакти, се допираше до ѕидот на до­мот, а другото крило, исто така пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим;

12исто така и едното крило на другиот херувим, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим.

13Крилјата на херувимите беа раши­рени на дваесет лакти; и тие стоеја на нозете свои со лицето кон храмот.

14Направи завеса од сина, пурпурна и темно црвена ткаенина и од висон, а на неа извезе херувими.

15Пред храмот направи два столба, високи по триесет и пет лакти, и капи­тели одозгора — секој од по пет лакти.

16Направи и веришки, како во свети­лиштето, и ги положи врз столбовите; направи и сто нарови, кои ги постави на веришките.

17Ги постави столбовите пред хра­мот: едниот десно, другиот лево, и десниот го нарече Јахин, а левиот Вооз.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 3.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.