2 Chronicles 282006

1Ахаз беше на дваесет години кога стана цар, и царуваше во Еру­салим шеснаесет години; и тој не го правеше угодното во очите Госпо­дови, како што правеше неговиот предок Давид;

2тој одеше по патот на израелските цареви, и дури направи излеани кипови на Вааловци;

3и тој кадеше во долината на Хино­мовите синови, и ги протеруваше низ огин синовите свои, според гнасотиите на оние народи, кои Гос­под ги прогони пред лицето на израелските синови;

4принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата и по ридовите и под секое разгрането дрво.

5Затоа Господ, неговиот Бог, го пре­даде во рацете на арамејскиот цар, и Арамејците го разбија и му зедоа многу заробеници, кои ги одведоа во Дамаск. Беше предаден и во рацете на израелскиот цар, и тој му нанесе голем пораз.

6Факиј, син Рамалиев уби во еден ден сто и дваесет илјади Јудејци, храбри војници, затоа што Го беа оставиле Господ, Бог на нивните предци.

7А Зихриј, силен јунак од Ефремци­те, го уби Маасејаху, царевиот син, и Азрикам, началник на дворот, и Ел­кана, втор по царот.

8И зедоа синовите израелски од бра­ќата свои, Јудејците, двесте илјади же­ни, синови и ќерки; ограбија и многу плен од нив, и го однесоа ограбеното во Самарија.

9Таму имаше пророк Господов, по име Одед. Тој излезе пред војската, која одеше во Самарија, и им рече: „Ете, Господ, Бог на предците ваши, во гне­вот Свој против Јудејците, ги предаде во ваша рака, и вие ги избивте со таква јарост, која стигна до небесата.

10И сега мислите да ги направите си­новите на Јуда и Ерусалим ваши робови и робинки. А зар немате и вие вина пред Господ, вашиот Бог?

11Затоа послушајте ме, и вратете ги заробениците, што сте ги заробиле од браќата свои, зашто пламенот на гневот Господов е на вас.“

12И некои од началниците на сино­вите Ефремови: Азарија, син Јоананов, Варахија, син Мешилемотов, Езекија, син Салумов, и Амаса, син Хадлаев, застанаа спроти оние што доаѓаа од војна.

13И им рекоа: „Не доведувајте ги заробениците тука, зашто би згре­шиле пред Господ. Зар мислите да придодадете уште кон гревовите наши и кон престапите наши? Нашата вина е голема, и пламенот на гневот Господов е врз Израел.“

14И вооружените ги оставија заробениците и пленот кај воените началници и пред целото собрание.

15И станаа споменатите по име мажи, ги зедоа заробениците, и сите што беа голи ги облекоа од ограбеното — ги об­лекоа и ги обуја, и ги нахра­нија, и ги напоија, и ги помазаа со масло, и ги качија на магариња сите слаби, и ги испратија во Ерихон, град на палмите, кај браќата нивни, и се вратија во Самарија.

16Во тоа време царот Ахаз ги замоли асирските цареви да му помогнат,

17зашто Едомците уште напаѓаа и мнозина убија и заробија во Јудеја.

18А Филистејците се раширија по градовите во низината и во јужна Јудеја и го презедоа Ветсамис и Аја­лон, Гедерот и Сохо со потчинетите му гра­дови. Тимна со потчинетите ѝ градови и Гимзо со потчинетите му градови, и се населија таму.

19Така ја понижи Господ Јудеја поради Ахаз, царот јудејски, зашто тој ја разврати Јудеја и тешко грешеше пред Господ.

20И дојде кај него асирскиот цар Тил­гат-Пилнесер, но му беше од штета, наместо да му помогне,

21зашто Ахаз ги зеде ризниците од домот Господов, од царскиот дом и од началниците, и сѐ му даде на асир­скиот цар, но и тоа не му помогна.

22И во таа притеснета положба тој продолжуваше да прави беззаконија пред Господ, таков беше царот Ахаз;

23им принесуваше жртви на дамас­ките богови, мислејќи дека тие го поразија, па велеше: „Боговите на ара­мејските цареви им помагаат; ќе им принесам жртва, тие и мене ќе ми помогнат.“ Но тие му беа за пропаст и нему и на целиот Израел.

24Ги собра Ахаз садовите на домот Божји и ги разби, ја затвори вратата на домот Господов и си изгради жртвеници по сите агли на Ерусалим,

25по сите градови Јудини направи оброчишта, за да кади на туѓи богови, и Го дразнеше Господ, Бог на своите предци.

26Другите дела и сите негови постапки, од првите па до последните, се опишани во Книгата на царевите јудеј­ски и израелски.

27И почина Ахаз кај своите предци, и го погребаа во градот, во Ерусалим, но не го внесоа во гробниците на израелските цареви. Наместо него стана цар синот негов Езекија.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 28.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.