1 Timothy 62006

1Оние, кои се наоѓаат под јарем, робовите, господарите свои нека ги сметаат како достојни за секаква по­чест, за да не се хули името Божјо и учењето.

2Оние, пак, кои имаат господари што поверувале, нека не презираат зашто се верници; туку со поголема усрдност да служат, бидејќи тие што ги добиваат нивните услуги се верни и возљубени. Така поучувај и советувај!

3Кој поучува инаку и не оди по здра­вите зборови на нашиот Господ Исус Христос и според учењето за бла­го­чес­носта,

4тој е помрачен од горделивоста. Не знае ништо и е болен од празни препирки и распрашувања, од кои произлегуваат зависта, карањето, хулењето, ло­шите мисли;

5залудни препирки меѓу луѓето што имаат изопачен ум, лишени се од вистината; тие мислат дека побожноста слу­жи за трговија. Бегај од такви!

6А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себе.

7Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме.

8Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни.

9А оние што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел.

10Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на што некои му се пре­да­доа, се отклонија од верата и си на­вле­коа многу маки.

11Но ти, човеку Божји, бегај од ова и стреми се кон праведноста, побожноста, верата, љубовта, трпеливоста и кротоста!

12Бори се со добриот подвиг на верата; освој го вечниот живот за кој си и повикан и си дал добра потврда пред многу сведоци.

13Ти заповедам пред Бога, Кој сѐ оживотворува, и пред Христос Исус, Кој ја посведочи добрата исповед пред Понтиј Пилат,

14да ја запазиш заповедта чиста и бес­прекорна сѐ до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос,

15кое, кога ќе му дојде времето, ќе Го открие блажениот и единствен Вла­де­тел, Цар над царевите и Господар над господарите,

16Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го ви­ди. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин!

17Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеват во непостојаното богатство, туку на жи­виот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие;

18нека прават добро, нека се збогатуваат со добри дела, да бидат штедри и сочувствителни.

19И на таков начин да си собираат сокровиште — добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен.

20О Тимотеје, пази го она што ти е предадено и бегај од нечисти и празни разговори и од расправии на лажната наука,

21на која некои ѝ се предадоа и се отклонија од верата. Благодатта нека биде со тебе. Амин.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Timothy 6.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.