1 Samuel 242006

1Потоа Давид излезе оттаму и живееше по стрмните врвови на Ен-Геди.

2Кога Саул се врати од Филистејците, му јавија, велејќи: „Ете, Давид е во пус­тинските места кај Ен-Геди.“

3Тогаш Саул зеде три илјади одбрани мажи од цел Израел и отиде да го бара Давид и луѓето негови по планините, каде што живеат дивокози.

4И дојде кај едно овчо трло крај патот. Таму имаше пештера, и Саул влезе таму по нужда; а Давид и луѓето негови седеа во дното на пештерата.

5И му рекоа на Давид луѓето негови: „Еве го денот, за кој ти говореше Гос­под: ‚ете, Јас ќе го предадам твојот непријател во рацете твои‘ и ќе сториш со него, она што ти е угодно.“ Давид стана и полека ја пресече полата на Сауловата горна облека.

6Но потоа му стана мачно на срцето Давидово, поради тоа што ја пресече полата на Сауловата облека.

7И им рече на луѓето свои: „Да не ми даде Господ да му го направам тоа на мојот господар, да ставам рака врз него, бидејќи тој е помазаник Господов.“

8Со тие зборови ги задржа луѓето свои и не им дозволи да го нападнат Саул. А Саул стана и излезе од пеште­рата на патот.

9Потоа стана и Давид, излезе од пештерата и извика по Саул, велејќи: „Господаре мој, царе!“ Саул погледна назад, и Давид падна со лицето на земјата, и му се поклони.

10И Давид му рече на Саул: „Зошто ги слушаш зборовите на оние луѓе што велат, ете, Давид крои зло против тебе?

11Ете, денес видоа очите твои дека Господ те предаваше во рацете мои во пештерата, и ми говореа да те убијам, но јас те поштедив и реков: нема да кренам рака на мојот господар, бидејќи тој е помазаник на Господ.

12Татко, погледни ја полата на обле­ката твоја во мојата рака, јас ја пресеков полата од облеката твоја, а тебе не те убив; знај и увери се дека во раката моја нема зло, ни непријателство, и дека јас не сум згрешил спрема тебе; а ти ја бараш душата моја за да ја одземеш.

13Господ нека пресуди меѓу мене и тебе, и нека ти одмазди Господ за мене; но мојата рака нема да биде врз тебе,

14како што вели старата поговорка: — од беззаконици излегува беззаконие. — Затоа раката моја нема да биде врз тебе.

15Против кого излегол царот израелски? По кого си се растрчал? По мртво куче, по една болва.

16Господ нека биде судија и Тој нека пресуди меѓу мене и тебе. Тој ќе го испита делото мое и ќе ме спаси од раката твоја.“

17Откако ги изрече Давид тие збо­рови кон Саул, Саул рече: „Твојот глас ли е тоа, сине мој Давиде?“ И го крена Саул гласот свој, и плачеше

18и му рече на Давид: „Ти си поправ од мене, зашто ми врати со добро, а јас ти враќав со зло;

19ти го покажа тоа денес, постапувајќи со мене милостиво: кога Господ ме предаваше во рацете твои, ти не ме уби.

20Кој, откако ќе го најде непријателот свој, ќе го пушти здрав и цел? Господ нека ти врати со добро за тоа што ми го направи денес ти.

21Сега знам дека ти бездруго ќе станеш цар, и царството израелско ќе биде силно во раката твоја.

22Затоа заколни ми се во Господ дека нема да го искорениш потомството мое по мене и нема да го уништиш името мое во домот на мојот татко.“

23Му се заколна Давид на Саул. И Саул отиде во својот дом, а Давид и луѓето негови се искачија кон своето засолниште.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Samuel 24.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.